Фирмата Емша Шпед - Неготино е основана 1999 година, почнувајќи како мала транспортна компанија, со 1 камион, за денес фирмата да поседува повеќе од 200 камиони и голем број на партнери, од Македонија, Балканот и од Европа.
Денес, главна дејност на Емша Шпед е транспорт на секаков вид на добра и располага со секаков вид на камиони и тоа: камиони влекачи, влекачи со приколица, мега камиони кои може да се поврзат со обични и мега приколици, троосовински камиони за транспорт на добра потешки од вообичаените утовари (27-30 тони) итн.
Тимот на Емша Шпед, ги одликува точноста, навременоста и ефикасноста. Повеќегодишното искуство во областа на транспортот, искусните транспорт планери и професионалните возачи се уште еден адут за успешна и плодна работа веќе 21 годинa.
Емша Шпед освен како транспортна компанија, реди успеси и при техничка служба на возилата во околината на Неготино, Кавадарци и пошироко.
Дел од услугите кои ги нудат како технички преглед се:
- Технички преглед на патнички моторни возила,
- Технички преглед на товарни моторни возила,
- Технички преглед на приколки,
- Технички преглед на возилa на моторен погон со две, три или четири тркала,
- Технички преглед на трактори и тракторски приколки,
- Услуги за регистрација,
- Инспекција (контрола) на аналогни и дигитални тахографи,
- МЕЃУНАРОДНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА,
- ПОЛНОМОШНО за управување на туѓо моторно возило во странство,
- Потврда за исполнетост на ТЕУ за патнички возила,
- Потврда за исполнетост на ТЕУ за товарни возила,
- ХОМОЛОГАЦИЈА-Одобрување на возила,
- АТЕСТ- Одобрување на преправени возила,
- ЦЕМТ- Проверка на подготвеност на возила за сообраќај,
- АДР – Испитување на возила кои превезуваат опасни материи.
Љубезниот персонал од Емша Шпед во секое време се достапни да Ви спремат понуда согласно Вашите барања и тоа на телефонскиот број 389 43 371 999 и маил
[email protected], секој работен ден од 8:00 – 17:00.