Publikuar: Jan 28 2024 05:00

Семејна куќа, П+2 ката, 250 м2, Црниче

EUR

Publikuar: Jan 28 05:00
Shikime: 419
Објектот се состои од плац со основа на изграденост од 102 м2 под куќа, 52м2 под придружен објект (гаража, летна кујна и тоалет), како и 111м2 уреден двор.
Куќата е изградена со приземје од 76м2, прв кат од 87м2 (со балкони) и втор кат од 87м2 (со балкони). Приземјето и првиот кат се дефинирани као еден стамбен простор, а вториот кат како посебен станбен простор.
При нејзиното целосно реновирање во 2011 година, издвоен е сопствен приклучок за струја со две електронски мерила, сопствен приклучок за вода со шахта и 2 контролни саати за вода, како и засебен приклучок за канализација со шахта кон главната траса. Низ целиот објект се инсталирани комплетно нови инсталации за струја, довод и одвод на вода, ftp и коаксиална мрежа за интернет и ТВ (во секоја соба од објектот), сопствен алармен систем со сензори за заштита од пожар и обивање во секоја соба и просторија од објектот, сопствен видео надзор со 4 камери кон дворот на објектот, како и систем за најава со домофон за секој стан поединечно со можност за електронско отварање на капијата и вратата од зградата, но и систем за далечинско (безжично) отварање и затворање на влезната капија и на вратата од гаражата во дворот.
На поранешната т.н. пластична изолациона фасада, при реновирањето е изведена дополнителна термо фасада од стиропор и дебелина од 8см. Кровот е целосно нов и изработен врз комплетно дрвена покривна конструкција, покриена со изолација од битуменско платно,тервол и висококвалитетен лим од прва категорија. Греењето во објектот и просториите е базирано на економични панели од фирмата Термор, како и инвертер-клими распоредени на секој кат поединечно. До сега, системот за греење и ладење се покажа како економски исплатлива инвестиција.
Распоредот на просториите по катови е следен.
Во призмјето освен ходниците и скалите, се наоѓа голем отворен салон поврзан со терпезарија и кујна, помошен тоалет и работна соба - библиотека. Од салонот, низ панорамски врати има директен излез кон верандата - покриената тераса во задниот двор.
Освен по главните скали кои одат до првиот и вториот кат, кон просториите (спалните соби) на првиот кат водат и внатрешни скали директно отворени од салонот кон првиот кат. На првиот кат има две спални соби со сопствени балкони, како и трета соба со страничен прозорец. Освен нив на првиот кат има и голем тоалет со бања, а во големата спална соба и соба-гардеробер со полици.
Вториот кат или посебниот стамбен простор е поврзан со главните скали. Тој се состои од голема дневна соба со балкон, поврзана со терпезарија и кујна, спална соба со балкон, втора соба (детска или работна), како и тоалет со бања и посебна просторија - перална со машини и бојлер.
nëse ky njoftim prish Rregullat e Publikimit ose Shkëmbim i sigurtë
419

Adresa:

Web-faqja jonë përdor Cookies për të përmirësuar eksperiencën tuaj në shfletimin e faqes. Duke klikuar "Unë pajtohem" ose duke vazhduar me përdorimin e web-faqes, ju pajtoheni me përdorimin e Cookies. Nëse ju nuk pajtoheni, ju mund t'i ndryshoni parametrat e kërkimit në shfletuesin tuaj.

Më shumë informacione