To be able to create ads, please choose and pay for the plan that suits you. You can also check the "User settings" section and change the payment method.
Прекрасен стан за продажба од 103 м2 + подрум од 2 м2 на 10ти кат од 11 ката. Станот се наоѓа во општина Гази Баба, во населба Железара веднаш над приватната клиника Ремедика, во една од трите кули познати под називот Железарки, но исто така познати по високо квалитетна и професионална градба. Станот има преубав распоред со југо-западна ориентација и природно осветлување. Дневниот престој е стратешки одделен од спалните соби што е идеално за приватност и функционалност за едно големо семејство.
Ентериерот се состои од пространа дневна соба поврзана со голема трпезарија и логија, кујна, остава, помошна просторија, 2 спални соби, главно купатило и гостински тоалет. Во станот постои можност за доградба од дополнителни 40м2 доколку се обезбедат потребните согласности и дозволи.
Греењето е на парно т.н. Железарско парно кое во текот на грејната сезона работи 24 часа, а во станот е константно топло и пријатно. Во кулата има 2 лифта - едниот е обичен лифт, а другиот е товарен и е погоден за транспорт на мебел и потежок товар.
Дополнителни информации: Станот е празен и реновиран, а после реновирањето не е користен. Прозорите, балконските врати и ролетните се комплетно нови (систем REHAU) во целиот стан. Паркетот е буков, професионално и комплетно обновен (иструган и лакиран во целиот стан). Влезната врата е високо квалитетна блиндер врата. Во трепезаријата има клима уред - инвертер која е проценет на 1000 Евра. Ѕидовите се целосно изглетувани и молерисани. Кујната и тоалетите се функционални, но не се реновирани (освен нова WC школка) што овозможува новиот сопственик да ги уреди по свој вкус и стандарди.
Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.