Оглас од претпријатие Објавени: мар. 10 2015 08:24

Se iznajmuva deloven prostor vo Skopje

Објавени: мар. 10 08:24
Прегледи: 23
Предметниот деловен простор се наоѓа во приземниот дел на ново изведена станбено-деловна зграда, дел од новиот станбен урбан комплекс кој интензивно се гради на ул. Иван Милутиновиќ 66 по старо или ул. Варшавска бр. 6 по ново, веднаш спроти гимназијата Ѓорѓи Димитров а зад ГУЦ Здравко Цветковски, во реонот на Педагошка академија.
Деловниот простор е нов, тукушто изведен, со главен пристап од улицата-јужна страна и спореден, интерен пристап од странична сопствена тераса-источна ориентација. Просторот има површина од 78 м2, составен од еден главен отворен простор, кујна, тоалети и тераса од 60 м2.
Двете слободно ориентирани страни се затворени со портали изработени од алуминиумски силвер термоизолирани профили со двослојно, четири-сезонско „к“ стакло со исполна од аргон. Подовите се завршно обработени со плочки од вештачки гранит. Ѕидовите се малтерисани машински, завршно обработени со бела боја. Греењето е индивидуално топловодно со електрично котле, регулирано со тајмер, преку грејни тела соодветно распределени.
Деловниот простор има одлична местоположба, на локација која граничи со реонот на педагошка академија од една страна и новите станбени комплекси кои се во изградба.
Телефони:
Бојан 071 269 759
Блаже 070 244 075
Опис на линк

БОНОР инженеринг

БОНОР ИНЖЕНЕРИНГ како компанија која делува во доменот на архитектурата и градежништвото е активна од 1991 година. Во текот на годините успешно работи на проекти од различен обем и карактер, вршејќи различни типови на услуги. 
Компанијата има интердисциплинарен пристап во работата, од што произлегуваат бројните активности во градежниот сектор како изведувач на работи, вршејќи инженеринг, надзор, проектантски, дизајнерски и други консултантски и истражувачки услуги. За сите услуги што ги нуди фирмата поседува соодветни лиценци и овластувања за архитектите. 
Интегралниот пристап во услугите кои ги нуди компанијата вклучува процес на оформување и реализација на идеја, која е продукт на интелектуалниот труд на стручни лица од различни области. Сето тоа резултира со висок квалитет на крајниот продукт.
Применувајќи аналитички пристап, работиме на создавање нови концепти каде посебно внимание се посветува на функционалноста, социјалниот аспект како и оформување на современ архитектонски израз.
Сите досегашни работи се изработени со висок квалитет и во зададените временски рамки.
Посети ја страната на нашата продавница

Ул. Боро Петрушевски бр.9/сутерен Прикажи на мапата

023222494

http://www.bonor.com.mk/

Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Продавач

БОНОР ИНЖЕНЕРИНГ како компанија која делува во доменот на архитектурата и градежништвото е активна од 1991 година. Во текот на годините успешно работи на проекти од различен обем и карактер, вршејќи различни типови на услуги. 
Компанијата има интердисциплинарен пристап во работата, од што произлегуваат бројните активности во градежниот сектор како изведувач на работи, вршејќи инженеринг, надзор, проектантски, дизајнерски и други консултантски и истражувачки услуги. За сите услуги што ги нуди фирмата поседува соодветни лиценци и овластувања за архитектите. 
Интегралниот пристап во услугите кои ги нуди компанијата вклучува процес на оформување и реализација на идеја, која е продукт на интелектуалниот труд на стручни лица од различни области. Сето тоа резултира со висок квалитет на крајниот продукт.
Применувајќи аналитички пристап, работиме на создавање нови концепти каде посебно внимание се посветува на функционалноста, социјалниот аспект како и оформување на современ архитектонски израз.
Сите досегашни работи се изработени со висок квалитет и во зададените временски рамки.

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации