Секој нов концепт се базира на потреба. Идејата за креирање на веб страница што ќе овозможи купување, продавање и размена беше реализирана летото 2006 година, со официјално пуштање во употреба на веб страницата Пазар3. Поставувањето на веб страницата беше проследено со огромен успех затоа што бројот на посетители од ден на ден се зголемуваше. Денес Pazar3.mk е водечкиот македонски купо-продажен пазар на Интернет мрежата, со 70 000 посетители на ден и повеќе од 3 000 огласи дневно.
Целта на Пазар3 Бизнис моделот е да обезбеди лесно, ефективно и безбедно огласување. Преку Пазар3, физичките лица и компаниите од Македонија може да продаваат, купуваат и разменуваат предмети како никогаш досега. Целта на Пазар3 е постојано да го подобрува корисничкото искуство од онлајн огласувањето.
Пораки
Информации за корисникот