Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Политика за колачиња

Последна обнова 04.06.2021

При посета на нашиот веб сајт, некои податоци се зачувуваат локално на Вашиот уред преку веб пребарувачот што го користите (Google Chrome, Mozilla Firefox и сл.). Овие локално зачувани податоци ќе помогнат да имате подобро корисничко искуство и посетата на нашиот веб сајт да биде со поголемо значење за Вас. Најчестиот вид на локално зачувување на податоци се колачињата кои служат за утврдување на навиките на пребарување на корисниците со цел подобрување на корисничкото искуство.

Пазар3.КОМ ДООЕЛ преку колачиња добива информации за Вашиот уред од кој пристапувате до нашиот веб сајт. Преку користење на колачиња Пазар3.КОМ ДООЕЛ не собира податоци за Вас како корисник.

Колачиња, Што преставуваат и за што се користат?

Пазар3 користи технологија на следење т.н. Колачиња / Cookies. Колачињата се мали криптирани / заштитени датотеки. Тоа се мали текстуални фајлови зачувани во компјутерот/ мобилниот уред на корисникот. Со цел сите функции на сајтот да се извршуваат непрекинато и ефикасно, веб прелистувачите користат колачиња. Прифаќањето на колачињата и согласувањето со користење на истите, не е задолжително.

Колачињата не се програмски кодови кои можат да се извршат со други функции или да се извршуваат сами по себе, затоа немаат некаква опасност за корисникот. Колачињата не претставуваат вируси или вид на софтвер кој може да му наштети на вашиот уред. Доколку самиот корисник не ги избрише или ограничи, колачињата најчесто се бришат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.

Колачињата не преземаат информации кои го идентификуваат посетителот и се користат само за да се подобри начинот на кој функционира нашата веб страницa и да се пружи услуга на корисниците за цели поради кои тие го посетуваат и користат Пазар3.мк.

Видови на Колачиња

Постојат неколку видови на колачиња, и тие се разликуваат по нивната намена односно цел. Некои колачиња се поставени од Пазар3.мк со цел подобрување на корисничкото искуство и квалитетно овозможување на услугите на Пазар3.мк, а некои колачиња се поставуваат од трети страни и Пазар3 нема никаква одговорност за нив, нема увид и пристап до такви видови на колачиња.

- Задолжителни или строго неопходни колачиња: Пазар3 користи колачиња кои се неопходни за создавање на позитивно корисничко искуство и обезбедување на услугата поради која корисникот и пристапил на веб страната. Овој тип на колачиња се користат со цел да се обезбедат основните функционалности на веб страната и корисникот да може да ја користи веб страната во целост. Без основите и неопходни колачиња, веб страната не е во можност да функционира со сите основни функции. Овие колачиња не прибираат информации кои го идентификуваат посетителот.

- Маркетиншки колачиња: Овој тип на колачиња се користат со цел на посетителите на веб страната да им бидат прикажани релевантни маркетинг кампањи и реклами. Маркетиншките колачиња овозможуваат рекламите да се прикажуваат согласно интересите на секој корисник, од што бенефит имаат и корисниците и компаниите кои пласираат реклами на Пазар3.мк.

- Статистички колачиња: Овие колачиња се користат со цел идентификување на начинот на кој посетителите ја користат веб страната. Овие колачиња ги прибираат следниве информации: број на посетители, број на посети, bounce rate (стапка која прикажува колкав процент од посетителите направиле само една посета на веб страната и веднаш потоа се исклучиле без да посетат и дополнителни страни од истиот веб сајт), и сл. Ова се колачиња кои овозможуваат Пазар3 да прави анализа на користењето на страната со цел подобрување на квалитетот и содржината на понудените услуги.

- Колачиња за социјални медиуми: Овој тип на колачиња е поставен од страна на Facebook или друга социјална мрежа со цел прикажување на реклами на Facebook или друга социјална мрежа одкако корисникот ќе го посети Пазар3.мк.

Pazar3 е надлежен за колачињата поставени од страна на самиот веб сајт. Pazar3 не е надлежен и нема никаква одговорност во однос на колачињата поставени од трети лица, соработници, партнери, социјални медиуми и сл. Pazar3 ги советува корисниците да ги прочитаат правилата за приватност и правилата за колачиња на соработниците, партнерите и социјалните медиуми (трети лица) за поголема сигурност. Pazar3 не сноси никаква одговорност за колачињата поставени од трети лица.

Пазар3 го известува и обезбедува согласност од корисникот на веб страната пред да се активира колачето согласно член 19 од Правилникот за безбедност на обработката на личните податоци.

Цел на употребата на колачиња од страна на Пазар3

Колачињата поставени од Пазар.мк не се користат за собирање на лични или приватни податоци за корисникот, туку прибираат информации за навиките на пребарување на корисникот на веб страната. Дополнително, колачињата овозможуваат корисниците на веб страната да добиваат одредени информации согласно содржината на посетените страни, преку прикажување на рекламни банери поставени на барање на клиенти на Пазар3.мк.

Специфични цели поради кои Пазар3 користи колачиња:

- За техничко функционирање на веб страната Пазар3.мк.

- Зачувување на анонимни информации во врска со корисникот како што се: IP адреса, локација на уредот, посетени веб страници на Пазар3.мк, број на посетени страници, просечно време на задржување на одредена страница и сл. со цел подобрување на услугите и функциите на Пазар3.мк.

- Прикажување на соодветни банер реклами согласно интересот на посетителот, а на барање на клиенти на Пазар3.мк Прикажување на персонализирани реклами на пример согласно одбрана категорија или локација.

- Прикажување на релевантна содржина согласно претходната активност на корисникот на веб сајтот.

- Прибирање на информации за однесувањето на корисниците со помош на трета страна - Google Analytics на начин кој лично не го идентификува корисникоткој ја посетил нашата веб страна

- Зачувување на преференциите на корисникот како што се јазични преференции, големина на фонт и сл.

Функција на колачињата

Функцијата на колачињата кои ги користи Пазар3 е исклучиво за подобрување на корисничкото искуство и овозможување на одредени услуги. Пазар3 не користи колачиња со цел идентификување на корисникот, туку со цел идентификување на однесувањето на корисникот на веб страната и идентификување на интересите на корисникот со цел прикажување на содржина и функционалност која што одговара на потребите и интересите на корисникот. Информациите кои се собираат со помош на колачињата се анонимни, и на никаков начин не го идентификуваат крајниот корисник туку користат случајни бројки за да се идентификуваат уникатните посетители на сајтот.

Рок на чување на колачињата

Рокот на чување на колачињата зависи од типот на колачиња и дали истите се поставени од страна на Пазар3 или пак од трети страни. Функционалните и статистичките колачиња се чуваат во рок од 30 минути до 2 години, а колачињата кои се користат за маркетинг цели се чуваат во рок од 15 минути до 1 година.

Сите колачиња кои што се чуваат од страна на Пазар3 не го идентификуваат крајниот корисник и / или се користат исклучиво за овозможување на услуга која што самиот корисник ја побарал од Пазар3 и за која што корисникот ја посетил страната на Пазар3.мк.

Контролирање и бришење на колачињата

Секој посетител на Пазар3.мк или било која друга веб страница има можност да ги контролира, ограничи или избриши колачињата со регулирање на поставките на веб пребарувачот. Промената на начинот на кој пребарувачот користи колачиња, вклучувајќи блокирање или бришење на колачиња од веб-страниците на Пазар3.мк, може да се направи со промена на поставките на пребарувачот и процесот варира во зависност од тоа кој тип на пребарувач го користите. За да дознаете како да го направите тоа со конкретен пребарувач, кликнете на пребарувачот кој вие го користите.

Корисни линкови за исклучување на колачињата:

Останати информации

Политиката на колачиња е дел од политиката за приватност на Pazar3.mk. Pazar3 го задржува правото да изврши било какви измени на политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време. Таквото изменување стапува во сила со самото објавување на веб страницата. Ве молиме читајте ги основните правила на веб сајтот со цел навремено да бидете информирани за новитетите на веб сајтот.

Контакт со Тимот на Pazar3.mk:
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации