Последна промена на: 04.06.2021
Применетата Политика за приватност објавена на оваа страна се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Р. С. Македонија. Во електронска форма пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб страницата на дирекцијата за Заштита на лични податоци на Р. С. Македонија (dzlp.mk). Ве советуваме да ја прочитате Политиката за заштита на лични податоци и повремено да ја проверувате истата за најновите податоци во врска со политиката за приватност. Со користење на нашиот веб сајт се согласувате со условите дефинирани со Политика за приватност и за заштитa на лични податоци и Условите за користење на веб страната. Доколку не се согласувате со наведените услови, Ви препорачуваме да не ги користите нашите услуги.
Политиката за приватност и заштита на лични податоци ги опфаќа практиките за приватност на веб страната Pazar3.mk, мобилната верзија на веб сајтот, Android апликацијата на Пазар3, iOS апликацијата на Пазар3 и податоците при комуникација со тимот на Пазар3. Oбработката на лични податоци на оваа страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци. Ние, секогаш се стремиме да ги обработуваме личните податоци со максимално почитување на приватноста. Со цел да Ви овозможиме користење на нашите услуги, на пример за регистрирање на оглас, Пазар3 обработува некои видови на податоци за Вас. Во продолжение следуваат повеќе информации во однос на приватноста и заштитата на Вашите лични податоци.
Политиката на приватност ги опфаќа следните работи:
Согласно законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија “личен податок” е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име, презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфичен за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
Кога ја посетувате нашата веб страна, Вашата приватност целосно се почитува. Доколку ја користите веб страната како посетител, Пазар3 не собира никакви лични податоци за Вас. Пазар3 има увид само на податоците кои што не можат да идентификуваат краен корисник (не-лични податоци). Тоа се податоци кои се однесуваат на Вашиот уред од кој пристапувате до нашата веб страна, податоци за Вашиот Интернет пребарувач, Вашата ИП адреса, локација на уредот и сл.
Доколку Вие како корисник, ја посетувате веб страната и сакате да контактирате огласувач преку полето “прати е-маил”, тогаш Вашиот е-маил кој сте го внесиле ќе биде видлив до огласувачот со цел да продолжите со комуникација во врска со предметот. Пазар3 не превзема одговорност и нема пристап до комуникацијата помеѓу огласувач-купувач. Дадениот е-маил ќе се користи исклучиво за таа цел и нема да се користи за други цели за кои лицата не дале согласност.
Доколку препорачувате оглас до Ваш пријател, тогаш до е-маил пораката на Вашиот пријател што ќе ја внесите, преку нашиот систем ќе се прати електронска порака. Дадениот е-маил ќе се користи исклучиво за таа цел и нема да се користи за други цели за кои лицата не дале согласност.
При регистрација на оглас, Ние ги обработуваме само податоците кои се дадени доброволно од Ваша страна при пополнување на формуларот за регистрација на оглас и тоа исклучиво за целите кои се наведени.
Доколку Вие сте лице кое огласува/огласувач, податоци кои се потребни за внесување на оглас се:
Пазар3 користи технологија на следење (Cookies - мали текст фајлови зачувани во Вашиот компјутер) која е корисна за системот на рекламирање и ги брои уникатните посети. Тоа ни овозможува да се соберат статистики за нашите посетители и да се користат за внатрешни цели, на пример, се употребува за да не го гледате истиот банер постојано додека сте на Пазар3. Технологијата на следење е анонимна и не содржи лични податоци. Повеќе детали за колачиња можете да прочитате тука.
Пазар3 им дава можност на корисниците да креираат кориснички профил што ќе биде поврзан со социјалната мрежа Facebook или со Gmail. Имајте во предвид дека при креирање на кориснички профил со поврзување на некоја од горенаведените медиуми, податоците од таа социјална мрежа/е-маил се поврзуваат со Вашиот кориснички профил на Пазар3. Тие податоци можете да ги промените во било кој момент со поврзување на Вашата сметка.
Некои видови на податоци ќе бидат потребни при регистрирање на огласи и креирање на Пазар3 сметки. Пазар3 не одговара за точноста на внесените информации. Пазар3 внесените податоци ги користи исклучиво за целта за кои што се внесени. Доколку Вие немате дадено согласност за користење на Вашите податоци за промотивни маркетинг активности, истите нема да бидат користени за таа цел. Пазар3 не ги споделува податоците со трети страни, не ги пренесува на трети страни и истите ги чува безбедно и ги користи исклучиво за намената за која се внесени.
Согласно законот за лични податоци, Пазар3 ги користи личните податоци на корисниците само за целта за кои се наменети. При внесување на оглас, корисникот сам одлучува дали ќе се прикаже телефонскиот број или не. Вашата електронска пошта не се прикажува јавно во никој случај, освен ако огласувачот одлучи да го додаде во описот на огласот. Внесените податоци за огласот, се користат за објавување на оглас во форма и содржина што одлучил самиот огласувач.
Пазар3 не споделува лични податоци со трети страни. Со цел нашите сервиси да бидат испорачани со врвен квалитет, соработуваме со надворешни провајдери за обезбедување на некои видови на сервиси, програми, алатки и сл. (домашни и/или меѓународни) и Вашите лични податоци се чуваат со највисоки безбедносни стандарди и истите во соработка со провајдерите се користат исклучиво за целта за која се наменети.
За користење на карго услугата на Пазар3, ние во соработка со карго компанијата и со однапред дефиниран протокол Ви праќаме функционални пораки за доставување на производите. Вие, како купувач сами го пополнувате формуларот за контакт информации и истите се пренесуваат до карго компанијата за успешна достава на производите. Вие, како продавач, сами ги потврдувате контакт деталите за подигнување на пратките кои ќе бидат споделени со карго компанијата за успешна достава на производите. Ние како веб сајт посредуваме во процесот на достава.
Вашите права како корисник на Пазар3, во врска со политиката за приватност и заштитата на лични податоци се правото да бидете информирани за обработката на лични податоци, да имате право на пристап до Вашите лични податоци, право на бришење или измени на личните податоци, право на ограничување на личните податоци како и право на приговор.
За дополнителни информации во врска со Вашите права за заштита на лични податоци, можете да контактирате со Пазар3 офицерот за заштита на лични податоци Моника Тасевска Димитриевска на следниов е-маил: privacy@pazar3.mk и телефон 00389 78 377 677. Можете да ни доставите Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци или Барање за запирање на обработката на личните податоци преку е-маил или со писмена достава во просториите на Пазар3, преку наведување на следните податоци:
Пазар3 се стреми да ги заштити Вашите лични податоци и да спречи злоупотреба или измена на информациите кои ги добива од своите корисници. Но, во секој случај не може да гарантира дека безбедносните мерки ќе спречат трети лица од нелегално прибирање на личните податоци.
Пазар3 најсериозно ја сфаќа безбедноста и превзема бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на личните податоци на крајните корисници. При обработка и пренос на податоците до нашите сервери се користи HTTPS безбедносен протокол. Доколку сакате да ги проверите Вашите податоци или да направите измени на истите тоа го правите на нашата веб страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Пазар3 Ви препорачува да не ја споделувате Вашата лозинка со трети страни. Вашите лични податоци се зачувани на заштитни сервери, до кои има пристап само Пазар3. Шифрирањето на одредени чувствителни податоци се прави со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да сме сигурни дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на Пазар3. Користењето на Пазар3 веб сајтот не е дозволен за малолетни лица (помлади од 18 години). Веб сајтот е дизајниран со намера да даде услуги на полнолетни лица (постари од 18 години). Имајте во предвид дека за да регистрирате кориснички профил потребно е да имате наполнето 18 години. Корисничките профили се проверуваат и доколку се констатира дека одреден кориснички профил припаѓа на малолетно лице, ќе биде отстранет.
Корисникот има право да бара пристап или да ги промени личните информации кои ги доставил на веб сајтот. Исто така може да се изврши промена на личните податоци што ги дал. Податоците од Вашиот кориснички профил можете да ги промените Вие со поврзување кон Вашата сметка. Доколку сакате да ја промените електронската пошта со која сте регистрирале, тоа мора да се направи системски и потребно е да го контактирате тимот за корисничка поддршка на Пазар3.КОМ ДООЕЛ (www.pazar3.mk) преку праќање на е-маил порака до support@pazar3.mk или преку контактирање на нашиот офицер за заштита на лични податоци Моника Тасевска Димитриевска на следниот е-маил: privacy@pazar3.mk. Исто така, корисникот има право да побара трајно да се избришат личните податоци од базата на Пазар3. Тоа ќе се реализира во рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето ако се исполнети условите согласно закон.
Пазар3 не врши собирање и обработка на лични податоци кои не се дадени од страна на корисникот. Доколку корисникот достави барање за злоупотреба на податоците, тогаш се покренува постапка за идентификување на лицето кое го направило тоа (доколку има можност) и согласно закон целата комуникација се одвива преку овластените правни институции во државата.
Субјектот на лични податоци, има право да побара потврда од Пазар3 дали неговите лични податоци се обработуваат со објаснување на целите на обработка, категориите на податоци, предвидениот рок на чување и сл. информации согласно закон.
Согласно член 11 од Законот за Заштита на личните податоци, Пазар3 врши обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг исклучиво по претходно добиена согласност од субјектот на лични податоци.
Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг на Пазар3.мк се остварува со селектирање на полето “Се согласувам да добивам персонализирани совети, понуди и вести од Пазар3” при регистрација на оглас или креирање на сметка од страна на субјектот на лични податоци.
Личните податоци се користат за испраќање на известувања за нови огласи, огласи согласно интересот на корисниците, наши услуги, понуди од интерес и слично. Тоа може да биде во форма на е-пошта, SMS, desktop нотификации, Viber пораки, телефонски пораки, банер реклами и сл. Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и испраќаме релевантни известувања исклучиво согласно интересот на корисниците и претходни пребарувања на сајтот.
Согласно Законот за заштита на личните податоци, субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства, да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг. Тоа може да го направи со испраќање на “Барање за повлекување на согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг” до офицерот за Заштита на Личните Податоци на Пазар3 на следнава емаил адреса: privacy@pazar3.mk.
Пазар3 врши обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг со цел овозможување на услуга која што самите корисници на сајтот ја побарале од Пазар3.мк како што е креирањето на Преглед на зачувано пребарување со што корисникот добива известувања на емаил согласно неговото барање.
Субјектот на лични податоци има право на пристап, исправка, бришење, и ограничување на обработката на личните податоци. Сите овие права се применуваат во рамките на ограничувањата предвидени со постојните прописи за заштита на личните податоци.
На Пазар3, корисникот има право да одлучува дали ќе даде согласност за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг или не. Доколку корисникот не даде согласност, во тој случај не добива пораки поврзани со директен маркетинг но ќе добива пораки за основните функции на сајтот (како известување на објавен оглас со линк од огласот, известување за избришан оглас и сл.). Овие пораки не се поврзани со директен маркетинг и нивната содржина се однесува само на основните функции на сајтот.
Доколку корисникот даде дозвола за користење на личните податоци за директен маркетинг, процедурата е следна:
Пазар3 го задржува правото да изврши било какви измени на политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време. Таквото изменување стапува во сила со самото објавување на веб страницата.
Согласно препораката бр. Р (99)5 на комитетот за министри на земјите членки за заштита на приватноста на Интернет, Ви споделуваме неколку корисни совети за заштита на лични податоци:
Пораки
Пораки
Информации за корисникот