Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Сточарство Богданци

За правилен раст и развој на нашите најмили!

Сточарство Богданци се занимава со производство и продажба на млеко и млечни производи. Лоцирана во Богданци, Гевгелија го нуди само најздравото и најдоброто за Вас.

Благодетите на млекото и млечните производи било забележано уште пред 7000 години. Тогаш, млекото го консумирале само благородните луѓе бидејќи кравите и овците имале висока вредност поради можноста да даваат млеко, кое подоцна може да се преработува и се добиваат млечни продукти како сирење, кашкавал, павлака, зденки.

Особено е важно во растот и развојот на нашите деца поради витамините и минералите кои ги содржи во својот состав, како витамин Д, калиум, калциум, протеини. Овие витамини се од исклучително значење за правилен раст и развој, а воедно го заштитуваат организмот од различни болести и инфекции. Калциумот е значаен минерал за заштита на коските на телото. Витаминот Д придонесува за развивање здрав имунитет. Овозможува раст на здрави заби.

Но, тука не изостануваат и бенефитите од консумацијата на продуктите добиени од млекото:
- ја подобруваат функцијата на кардиоваскуларниот систем
- имаат големо количество на калциум и со тоа ги заштитуваат и хранат коските
- полномасните млечни продукти го намалуваат ризикот од дебелина
- полномасните млечни продукти го намалуваат ризикот од заболување од дијабетис тип 2
- го намалуваат ризикот од мозочен удар
- ја хранат сувата кожа благодарение на млечната киселина
- го хидрираат организмот поради големото количество вода кое го содржат

Токму поради тоа треба да ја посетите Сточарство Богданци. Освен производство и продажба на млечни продукти, се занимаваат и со продажба на разни алати, машини и земјоделска опрема.

Во продавницата на Пазар3 можете да најдете и млин комплет опрема, компресор за млин, систем De Laval за молзење, систем Skid-ing за молзење, косачка Belon TRD, комбајн Class Jaguar, силажен комплет со хедер за силажа и хедер за сенажа.

За повеќе информации и детали достапни се на улица Маршал Тито, бр.162-Б, Богданци, Гевгелија.

улица Маршал Тито, бр.162-Б

Богданци, Гевгелиjа

Огласи во продавницата

Сите 1-1 од 1
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации