Објавени: мар. 10 2016 08:42

Praksa vo Elkom grup

Објавени: мар. 10 08:42
Прегледи: 56
Пракса во Елком груп
Kомпанијата Елком Груп објавува оглас за прием на практиканти кои ќе работат на развој на софтверски решенија и практично работење со web страни и ги поканува да аплицираат сите заинтересирани кандидати без определени квалификации, таргет група се студенти од техничките факултети.

Елком груп е корпорација на иновации и технолошки развој со седиште и канцеларија во Скопје, Македонија. Компанијата цели кон тоа да бидат лидери во технологијата и вистински центар на совршеност во сите аспекти на нивната дејност.

Одбраните, нагласено мотивирани кандидати ќе ја имаат можноста за работа во работна средина каде што професионално ќе се надградуваат преку директна комуникација со искусни колеги од компанијата.

Апликантите треба да поседуваат повеќето од следните квалитети:
o Да учествувале во развој на минимум еден тимски проект на факултет
o Добро познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
o Афинитети кон тимска работа

Праксите ќе се изведуваат во текот на Март, Април и Maj со 2 практиканти, кои во тек на еден месец ќе треба да ги извршат зададените задачи, за што ќе добијат и потврда за реализирана задолжителна професионална пракса.

Практикантите, кои ќе покажат талент, мотивација и успешно извршување на обврските во текот на праксата ќе бидат вклучени во најтесниот круг при следните вработувања во Елком Груп.
Заинтересираните студенти потребно е да испратат мотивациско писмо и CV на македонски или англиски јазик најдоцна до 31.03.2016 год. на [email protected], со назнака “за ПРАКСА".
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
56
0038976466625

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации