За да можете да креирате огласи, Ве молиме изберете и платете за претплатата која Ви одговара. Исто така можете да погледнете тука "Кориснички подесувања" и да го измените начинот на плаќање.
Интерстаб инженеринг дооел е компанија која застапува врвни светски производители на индустриска опрема.
Целта на компанијата во делот на индустриско маркирање е да предлага решенија на своите клиенти кои ќе претставуваат најефективните средства за идентификација во производството по целата производствена линија, од примарно пакување, до кутии и палети, со користење на најновите технолошки достигнувања и да гради комплексни решенија за маркирање и кодирање, во согласност со специфичните потреби на секој производител.
Интерстаб инженеринг предлага автоматизирани решенија за потребите на многу индустрии како што се прехранбената, индустрија за пијалаци, фамрацевтската, електро-индустријата, автомобилската индустрија, како и LifeScience иновации.
На своите клиенти им нудиме сервисна поддршка 24/7 со сертифицирани сервисни инженери, основна или напредна обука за користење на производите која се одржува во просториите на Интерстаб инженеринг или кај клиентот, испорака на потрошни материјали и резервни делови, демонстрации и проби, изнајмување на опрема, технички консултации.
Канцелариите, сервисната база и магацинот ни се лоцирани во Скопје.
Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.