Publikuar: Mar 25 2015 12:18

Se bara Arhitekt Glaven proektant

Publikuar: Mar 25 12:18
Shikime: 6

ИВАНОВ Инженеринг е ISO 9001:2008 сертифицирана компанија која овозможува комплетна услуга потврдено во низа од реализирани објекти и усвоени проекти со најразлични намени. ИВАНОВ Инженеринг нуди консултантски услуги од градежништво; урбанизам; развој, проектирање, изведба и надзор на градежни објекти и проектирање на пречистителни системи за отпадни води.

Во моментов имаме потреба од вработување на персонал, на позиција:

ДИПЛОМИРАН ИНЖЕНЕР АРХИТЕКТ

(1 извршител за раководење со проекти / главен проектант) , Скопје

Потребни квалификации:
Универзитетско образование – Архитектонски факултет
Поседување на Овластување за проектирање на градби како одговорен проектант од архитектура (А или Б)
Поседување на Овластување за надзор над изведување на градби и Овластување за изведба на градби ќе се сметаат за предност
Најмалку 5години релевантно работно искуство
Напредно познавање на работа со компјутери (АCAD, MS Office, MS Project)
Познавање на законската регулатива од областа на градењето - Закон за градење и други позитивни законски прописи и подзаконските акти од областа на градeњето
Познавање на англиски јазик

Одговорности и задачи:
Раководење, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на проектирање
Дефинирање на потребниот буџет и временските рокови за проектот
Одржување на ефективни релации со клиентите
Познавање на оперативни практики на градежништвото, следење и проучување на стандардите и нивните промени
Оперативни и административни обврски врзани за тековно работење

Лични карактеристики:
Вештина во организирање на ресурси и воспоставување на приоритети
Одлични организациски и аналитички способности
Флексибилност и ориентираност кон наоѓање на решенија
Посветеност, лојалност и одговорност
Подготвеност за работа во дадени рокови

Работниот однос се заснова на определено време во траење од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.
Неделното работно време изнесува 40 работни часа.
Во зависност од компетенциите на кандидатот, основната плата ќе изнесува од 35.000 до 60.000 денари.

Огласот трае 10 (десет) дена од неговото објавување.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да го достават своето CV на нашата e-mail адреса: [email protected] со назнака: “Оглас за вработување- Архитект -главен проектант“
nëse ky njoftim prish Rregullat e Publikimit ose Shkëmbim i sigurtë
6

Adresa:

Web-faqja jonë përdor Cookies për të përmirësuar eksperiencën tuaj në shfletimin e faqes. Duke klikuar "Unë pajtohem" ose duke vazhduar me përdorimin e web-faqes, ju pajtoheni me përdorimin e Cookies. Nëse ju nuk pajtoheni, ju mund t'i ndryshoni parametrat e kërkimit në shfletuesin tuaj.

Më shumë informacione