Publikuar: Qer 14 2017 04:14

Cma Krik bara asistent za dizajniranje

Publikuar: Qer 14 04:14
Shikime: 6
Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме 1 нова работна позиција-асистенст за дизаjнирање и спроведување младински програми.

Основни информации:

Асистент за дизајнирање и спроведување младински програми ангажиран на пола работно време 20 часа неделно.

Работни обврски:

Да развие, дизајнира и подготви целосна програма и работна методологија наменета за млади лица со типичен развој и млади лица со попреченост;
Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади;
Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
Да детектира и да пристапи до различни целни групи и да ги препознае нивните потреби и предложи програми за нивен развој;
Дава поддршка во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
Дава поддршка и експертиза во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
Спроведува активности од младинска работа и комуницира со останати партнери (организации) од младинскиот сектор;
Работи на развивање на едукативни програми за млади лица со попреченост и без во младинскиот центар Крикни
По потреба, помага во комуникација со донатори (народни и меѓународни).
Потребни квалификации:

Универзитетска диплома или релевантно искуство;
Компетенции за успешно и професионално спроведување на младински програми;
Да биде способен/а да претстави, објасни и да го фацилитира процесот на учење ка
nëse ky njoftim prish Rregullat e Publikimit ose Shkëmbim i sigurtë
6

Web-faqja jonë përdor Cookies për të përmirësuar eksperiencën tuaj në shfletimin e faqes. Duke klikuar "Unë pajtohem" ose duke vazhduar me përdorimin e web-faqes, ju pajtoheni me përdorimin e Cookies. Nëse ju nuk pajtoheni, ju mund t'i ndryshoni parametrat e kërkimit në shfletuesin tuaj.

Më shumë informacione