Publikuar: Shk 01 2024 03:51

Монтесори подни кревети

MKD

Publikuar: Shk 01 03:51
Shikime: 93
Продавам два Монтесори подни кревети, димензии 140х70 см.
Не е вистина дека подни кревети може да се “изведат” со едноставно ставање на душекот на под. Ако не е подигнат од земја, нема соодветна циркулација на воздух и ветреење и ризикувате душекот да мувлоса од доле 🥴 секако и воопшто не е хигиенски.
Овие кревети го подигаат душекот околу 7см од подот, давајќи соодвента циркулација и хигиена, и секако хигиенски го заштитуваат душекот од сите страни. Страните се благо повисоки од бебешки душек па така креветот сепак има мала ограда што спречува тодлерот да се тркала надвор од него и му помага да остане внатре. Едната страна е спуштена во средината без непријатни ивици за детето да може само да влегува и излегува од кревет.
Монтесори пристапот се фокусира на развивање независност, практично учење и внимателна, интерактивна средина која му овозможува на детето да расте во сите главни развојни области.
Монтесори подните кревети се природно продолжение на овие идеи, бидејќи ја поддржуваат независноста на детето, овозможувајќи му самостојно да легнува и да станува од креветот.
Подните кревети имаат многу предности за детето:
- Тие ја поддржуваат грубата моторика на детето.
„Бебето од раѓање прави мали движења и може да се сврти за речиси 360 степени. Ако го набљудуваме, ќе забележиме дека кога бебето ќе дојде до работ на креветот, почнува да се движи назад кон средината. Ова чувство за контрола над сопственото тело во просторот се подобрува со користење поден кревет“, објаснува Узодика, додавајќи дека подните кревети му овозможуваат на детето да ужива во непречен поглед на својот простор.
- Помагаат да се развие независност
Експертите објаснуваат дека подните кревети обезбедуваат поголем пристап до книгите и тивките играчки додека децата се подготвуваат за спиење, но и кога стануваат наутро или по попладневниот одмор, давајќи им поголема независност.
- Ја зголемуваат самодовербата кај децата
Овие кревети имаат позитивна врска и со спиењето бидејќи нивниот кревет не е нешто во кое се заглавуваат кога ќе се разбудат и не можат да излезат без помош од родителите. Тоа е место каде што одат на одмор и од кое можат да си заминат или да станат кога сакаат, што им ја зголемува самодовербата.
- Простор за врзување
Друга предност на подните кревети е тоа што возрасен човек може да седи или да лежи во креветот со детето, доколку е потребно. Родителите можат, на пример, да му читаат на своето дете без да мора да го кренат од кревет и да му ја сменат локацијата, што дополнително го нарушува сонот.
Креветите се продаваат без вклучен душек.
Siguro dërgesën me ELS
Pagesa pas kontrollit të mallrave
Dërgesë direkte
Blej tani
Dërgesa me “Ecologistic”: nga MKD
nëse ky njoftim prish Rregullat e Publikimit ose Shkëmbim i sigurtë
93
Blej tani

Dërgesa me “Ecologistic”: nga 150 MKD

Siguro dërgesën me ELS

Pagesa pas kontrollit të mallrave

Dërgesë direkte

078445028

Adresa:

Blini

Web-faqja jonë përdor Cookies për të përmirësuar eksperiencën tuaj në shfletimin e faqes. Duke klikuar "Unë pajtohem" ose duke vazhduar me përdorimin e web-faqes, ju pajtoheni me përdorimin e Cookies. Nëse ju nuk pajtoheni, ju mund t'i ndryshoni parametrat e kërkimit në shfletuesin tuaj.

Më shumë informacione