Македонски | Shqip | English |

Прашања за огласување

Контактирајте го Пазар3 – Центарот за грижа на корисници доколку не можете да ги најдете одговорите на Вашите прашања:

Не знаете како да регистрирате оглас?

  • Чекор 1: Кликнете на "Внеси оглас" кое се наоѓа на почетната страна.
  • Чекор 2: Пополнете го формуларот со потребните информации за предметот кој го продавате/услугата која ја нудите.
  • Чекор 3: Изберете лозинка со која подоцна ќе може да го обновувате/изменувате или избришете Вашиот оглас. Потребно е да ја повторите лозинката и во второто празно поле.
  • Чекор 4: Проверете ги внесените информации пред да кликнете на "Внеси оглас". Доколку сакате да промените некоја информација кликнете на "Измени го огласот". Потоа, изберете го начинот на плаќање на Вашиот оглас. Плаќањето може да го извршите со телефонски повик или платежна картичка.
  • Чекор 5: Информациите за извршување на плаќањето ќе Ви се прикажат веднаш штом завршите со постапката за регистрирање на огласот. Исто така, и на Вашата електронска пошта ќе добиете порака со информациите за извршување на плаќањето.
  • Чекор 6. Го извршувате плаќањето.
  • Чекор 7. Пред да бидат објавени, огласите потребно е да бидат прегледани од страна на Пазар3 администраторите. Најчесто прегледувањето на огласот одзема 1-2 часа откако плаќањето е извршено. Огласот останува активен на Pazar3.mk наредните 3 месеци, се додека се отстрани автоматски од страна на Пазар3.

Сакате да го измените или обновите Вашиот оглас?

Објавениот оглас можете да го измените или обновите. Со тоа, огласот ќе биде активен на веб страницата дополнителни 3 месеци, добива нов датум и се поместува најгоре на листата со огласи.

Постапка за обновување на Вашиот оглас:
1. Пронајдете го Вашиот оглас.
2. Кликнете на "Избриши, измени или обнови го твојот оглас".
3. Изберете ја опцијата "Измени + Обнови го огласот" или "Обновете го Вашиот оглас без промена на содржината". Опцијата "Обновете го Вашиот оглас без промена на содржината" е кратка опција, наменета само за обновување. Со оваа опција Вашиот оглас се поместува најгоре на листата со огласи за 15 минути.

Сакате да го избришете Вашиот оглас?

Постапка за бришење на Вашиот оглас:
1. Пронајдете го Вашиот оглас.
2. Кликнете на "Избриши, измени или обнови го твојот оглас".
3. Изберете ја опцијата "Избриши".
4. Внесете ја лозинката која ја внесовте при регистрацијата на огласот.

Потребни се околу 15 минути за огласот да биде отстранет.

Имате проблеми со сликите?

Доколку имате проблем со прикачувањето на сликите, администраторите на Пазар3 ќе Ви помогнат. Прикачете ги и испратете до Пазар3 – Центарот за грижа на корнисици, преку формуларот кој се наоѓа на десната страна.

Не добивте потсетник за заборавена лозинка?

Проверете дали сте побарале лозинката да биде пратена на истата електронска пошта со која што го регистриравте огласот. Проверете дали пораките испратени од Пазар3 се добиени во спам фолдерот од Вашата електронска пошта – Понекогаш, Пораките од Пазар3 можат да се класифицираат како спам од страна на Вашиот сервис провајдер. Во случај да извршивте регистрација на Вашиот оглас без користење на електронска пошта, контактирајте го Пазар3-Центарот за грижа на корисници.

Колку изнесува цената за огласување на Пазар3?

Прочитајте ги информациите за плаќање

Кон почеток