Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Eurogradba Asanoski

Секогаш тука за ВАС!

Ако некогаш патот ве носи во Прилеп, кон селото Лажани, нема да Ви избега од пред очи нашиот плац за градежни материјали и алати на нашата фирма Еуроградба Асаноски.
Се работи за компанија со реноме, лидер во Македонија за изнајмување и продавање на градежни машини и алати.
Еуроградба Асаноски е основана фирма во Италија, но по извесен период, со седиште фирмата беше префрлена и во с.Лажани, Прилеп.
Ние, Еуроградба Асаноски Ви нудиме најситни и најкрупни машини за градежништво, секаква софистицирана машинерија и алати од Италија барана и применувана од Европјаните.
Да се гради, да се има нешто свое е потреба на секој човек, а создаденото да има век и квалитет. Идејата за да се основа семеен бизнис лежи во корените на Исмаил Асаноски од селото Лажани. Сакајќи, поволностите што самиот ги искусил и пробал на своја кожа да им ги доволи на своите сограѓани , се охрабрил и основал фирма со плац во Лажани. Од 2010 година успешно се пробиваме на пазарот, станувајќи симбол на квалитет, деловност, одговорност и ниски цени.
Во нашиот плацот за градежни машини на Еуроградба Асаноски, може да најдете повеќе од 500 машини, како на пример:

Багери Bobcat:
Од овој модел на градежни машини, во нашиот плац имаме повеќе видови, и тоа,
- Bobcat E17z,
- Bobcat E19z,
- Cat 301.5,
- Cat 301.8,
- Bobcat E45,
- Cat 312B,
- Cat 2C61,
- Мини багери Bobcat Caterpillar, итн.
Ваљјаци:
Исто така , и од овој модел на градежни машини, во нашиот плац имаме повеќе видови,
- Ваљјак Biteli,
- Ваљјак Vibro, итн.
Дополнително Ви нудиме и:
- Голем избор на трактори,
- Корпи за багери,
- Преси за сечење на железо,
- Дигалки,
- Кранови,
- Камиони,
- Виљушкари,
- Скелиња за фасади,
- Потпирачи,
- Керамички плочки, итн.
Поголем дел од градежните машини ги има во секое време во нашиот плац, но доколку нема, по потреба се прави нов увоз од Италија, без разлика дали се прави продажба или изнајмување за машината.
Ќе градите; Нешто ќе дотерувате? Можеби Ви се потребни багери и виљушкари? Не двоумете се квалитетот е во прашање, наминете во нашите канцелариски простории во Прилеп, или во плацот во с.Лажани, ние Ви гарантираме европски квалитет, преку брз и ефикасен транспорт и дистрибуција.
Ние ве очекуваме, а Вие повелете и посетете не.

ул. Кузман Јосифовски - Питу

Долнени, Прилеп

Огласи во продавницата

Сите 1-50 од 120
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации