Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Дадилка или градинка – предности и маани



Чувањето деца подразбира многу повеќе од внимавање на детето и следење на неговите постапки. Чувањето подразбира љубов, внимание и потојана желба за напредок на детето. Ова е деликатна работа која бара целосна одговорност и не е нешто што треба да се направи без внимание, па затоа родителите често многу долго и внимателно бараат луѓе за таа задача.


Со оглед на тоа дека многу родители се зафатени со работни обврски, тие немаат доволно време да посветат за чување на своите деца, па затоа потребна му е личност или установа која ќе го прави тоа наместо нив.
Дали ќе е во прашања професионална дадилка, студентка која сака да заработи а има добри препораки, или градинка, пред родителите е избор кој се разликува од семејство до семејство.


Во продолжение на текстот дознајте кои се предностите и мааните во однос на чување на децата од страна на дадилки или оставање во градинка.


Жена за чување деца – ангажирање на дадилка

Иако голем дел од родителите во текот на работната недела немаат доволно време да се посветат на своите деца, одлучуваат нивните деца да ги чуваат нивните родители, осносно бабите и дедовците на децата, иако овој начин може да има контрапродуктивност. Бабите и дедовците може да го разгалат детето, бидејќи внуците секогаш се нивната слаба точка.
Од друга страна, жените за чување на деца, односно професионалните дадилки, во најголем број случаи се непристрасна личност, па работите кои ги прави детето ги разгледува од дистанца и може да го воспита и да се посвети на детето на правилен начин.


Кои се предностите од ангажирање на дадилка?

Кога се во прашање предностите, прва работа која ни паѓа на ум е тоа дека тие може да имаат флексибилно работно време, односно може да се посветат на чување на детето во согласност со работните обврски на родителите. Детето останува дома, а тоа е предност доколку се работи за повеќечлено семејство, па така нема да се разделува од другите дечиња.
Дадилките често стануваат дел од семејството. Доколку добро се грижат за децата, нивните задолженија може да се зголемат, неретко и кога родителите се во домот, па така нивната одговорност се зголемува, за што родителите не би требало да се грижат.
Освен тоа, дадилките се најчесто посветени жени и домаќинки кои се грижат за детето и неговото опкружување на внимателен и професионален начин. Неретко и самите се мајки, па знаат што се е потребно за детето и знаат на кој начин да се однесуваат, во согласност со годните на детето и неговите карактеристики.


Негативни страни на дадилките во процесот на чување деца

Покрај професионална дадилка, личноста која ќе го чува детето може да биде и член од фамилијата, тетка, баба или дедо. Но, доколку немате близок член од семејството на кого би му го довериле детето, може да биде многу тешко да најдете човек од најблиското опкружување за да му ја доверите оваа работа.
Во однос на искуствата на дадилките, повеќето немаат професионално образование, па најчесто се потпираат на препораки од претходните семејства, како би го оправдале своето искуство.

Чувањето деца дома има многу предности, но и маани. Ограничениот простор може многу да влијае на детето, на неговата игра и интеракција. Покрај тоа, детето нема можност да се дружи со другарчиња на иста возраст, бидејќи тоа е процес на примарна социјализација, со децата на иста возраст.
Дадилките се личности, кои покрај работата имаат свои проблеми со семејството и други прiватни работи кои многу можат да влијаат на нивната работа. Во случај дадилката да побара слободен ден, боледување или друг вид на отсуство, потребно е брзо да се снајдете за Вашето дете да има друга личност што ќе го чува.

Воспитувачка во градинка

Покрај чувањето деца дома со дадилката, родителите често се одлучуваат и на друг чекор, односно носење на децата во градинка. Посебно периодот кога не е веќе бебе, доволно возрасно дете за да може да го остават родителите, а не можат да пронајдат кој да го чува, се одлучуваат на градинка. Затоа, дали ќе биде државна или приватна градинка, тоа е најдобрата опција во такви моменти.

Кои се предностите на градинката?

Кога се во прашање предностите на градинката во однос на чување на детето дома, една од нив е дека во градинка за Вашето дете се грижи професионална воспитувачка. Сигурносните мерки кои ги има градинката, опременоста, здравствената заштита, учење на децата и опременоста на просторот, се некои од предностите на носење на децата во градинка.

Во градинка за Вашето дете се грижат прифесионално образовани и обучени воспитувачки кои имаат знаења од педагогија, па родителите не треба да се грижат за воспитно-образовните мерки кои се превземаат во градинката. Кога се градинките во прашања предност исто така е и повисокиот степен на социјализација, односно дружење со деца на иста или слична возраст.


Негативни страни на градинките

Кога е во прашање носење на децата во градинка исто и тоа има многу маани. Градинките имаат ограничен број на места, па така дали детето ќе го примат или не, знае да му зададе главоболка на родителите. Постојаниот контакт со други деца, често знае да предизвика проблеми, па така често се јавуваат зарази, вируси и слично кои децата од градинка почесто ги имаат.
Освен тоа, може да се случи детето на интелектуално ниво да ја надрасне својата група во која почнал, и додека да помине цела година додека смени поголема група да му влијае на емоционалната состојба. Секоја градинка има универзални правила, па така не може да се одговори на ритамот на секое дете во целост, кога е во прашање времето за спиење, ужината, јадење и сл. Работното време на градинките е точно определено и родителите мора точно да ги прилагодат своите обврски.


Дали родителите ќе се одлучат на градинка или на дадилка која ќе го чува, задачата за чување на детето е многу сериозна и родителите секогаш треба максимално да се посветат на истата. И едниот и другиот начин имаат свои предности и маани, а заедничко е тоа дека односот и пристапот со детето треба секогаш да биде заснован на меѓусебна љубов, соработка и доверба.

Доколку Ви е потребна услуга за чување деца или барате други огласи, посетете го сајтот на Пазар3, и најдете ја дадилката што ќе Ви одговара.

Кон почеток