Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Како да купите трактор што ќе ги задоволи потребите на вашата фарма


Да одберете трактор кој ќе Ви одговара, не е ни малку едноставна работа, особено затоа што на него треба да се приклучува и додатна механизација. Во зависност од тоа, бираме помал или поголем модел на трактор. Меѓутоа, за да бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат да одберете идеален трактор за Вас, земете ги во предвид карактеристиките на земјиштето што ќе го обработувате.


Врз основа на големината на полето и бројот на хектари, составот и планот за примена на истото, треба да обрнете внимание на марката на тракторот, неговата големина и механизацијата која планирате да ја приклучите на тракторот.
Нов трактор, претставува голема инвестиција за едно семејство, а понекогаш може да се исплати и поправка на стариот. На огласите може често да најдете добро сочувани и квалитетни половни трактори, во кои вреди да се вложи.

 

Тракторот се бира во зависност од потребите на земјиштето

Кога домаќинот во куќата има потреба да купи трактор, треба да го бира во зависност од тоа во која гранка од земјоделието планира да го користи. Мал трактор до 35 коњи, се најпогодни за работа во овоштарството, а додека трактори за во агрокултурата треба да се поголеми, односно да се со повеќе коњски сили.


На подрачјето на Јужна и Централна Србија, на најголем број ниви, кои имаат површина од 10, 20 или 30 хектари, се користат трактори кои се големи и моќни од марката RAKOVICA (IMR), IMT 539 I FERGUSON. Тие се економични и лесни за управување, а ако е нива(дури и овоштарник) кој се наоѓа на стрмно подрачје, најсигурно е трактор со нагон на сите четири тркала, кој се нарекува дупли трактор.


IMT трактори – пристапни домашни брендови со добар квалитет

За ИМТ тактор, за разлика од други трактори, многу е полесно да се набават делови и приклучни машини, бидејќи се со средна големина и на нив можат да се додадат и сите делови од приклушната механизација.
Зависно од годината на производство, ИМТ тракторите ги поправаат сите свои недостатоци за разлика од претходните серии. Индустријата на производство, во текот на своето постоење од 60 години има произведено повеќе од 780.000 трактори, од кои најпознати се ИМТ 533 и 539.
Постарите, кои се произведени пред 20, 30 или 40 години се имаат покажано како подолготрајни во однос на штетите, но не се економични и многу повеќе трошат гориво.
Новите трактори од оваа марка (околку 2015та) имаат серво волан, додатна опрема и економичен резервоар за гориво, но се склони на оштетувања.
ИМТ тракторите се одлични за задоволување на потребите во земјоделството, овоштарството, а се користат и за потреби во шумарството. На секој од нив може да се додади и кабина, но во зависност од тоа се поефтини или поскапи и до 2000 евра. Имајте во предвид дека за ИМТ тројка или деветка треба да одвоите и дури 2500 евра.

 

ФЕРГУСОН – Најпознат странски трактор на Преспанските ниви

Фергусон веќе долги години го снабдува пазарот со голем број на полупроизводни машини, наменети за работа во земјоделието. Она по што е познати е одличниот квалитет и перформанси.
Уште некои странски марки кои се истотака квалитетни се John Deere, New Holland I Case. Разликата во потрошувачка на гориво е скоро идентична, степенот на загадување на животната средина е сведен на минимум, а внатрешната опременост и хидрауличност исто така му е јака страна.

 

Големите трактори се најчести во Преспа

Како најголемо поле за производство на јаболка, нивите во Преспа бараат јаки трактори кои ќе заштедат на времето за обработка. Нормално, ова важи за големите овошни насади, кои се од неколку десетина или стотина хектари, а со трактор на кој ќе му се додаде целосно добра и голема механизација, ќе бидат поефикасни на големите полиња.
John Deere и Tafe трактори 42 и 45, се тие поголеми трактори, со сила и до 100 коњи. На нив не можете да прикличите приклучна механизација која не е многу голема бидејќи се големи и гломазни и имаат голема влечна сила и за нив се потребни машини за голем трактор.
Тафе трактор до 50 коњи е помал трактор од стандардниот Тафе, скоро колку Саме модел, но затоа има и дополнителни жлебови и дупла дупка, на кои освен големи може да се прикачат и мали додатни машини.

 

Машини и трактори

Кога се во прашање полупроизводни машини, секогаш се купуваат заедно со основните приклучни делови. Освен, приколица за трактор која најчесто се среќава како додатна механизација, а додатни машини во полупроизводтвото се:

  • атомизер

  • житна сеалица,

  • виљушкари,

  • сило миксери ( хоризонтални и вертикални машини за трактор за влечење)

  • собирач на сено

  • преси

  • плугови

  • тањирачи

  • системи за наводнување.


Половни трактори – задолжителна проверка на деловите

Кога купувате трактор, без разлика на намената, марката или годината на производство – задолжителна е проверка на деловите поединечно, што ќе Ви го олесни купувањето. Меѓу првото треба да го проверите моторот на тракторот, мењачот и хидауликата. Притоа не заборавајте да го проверите и акомулаторот, потрошното масло, чадот при палење на тракторот и состојбата на преуматикот.
Ако се мењачот и моторот на тракторот лоши, тогаш тој трактор нема уште долго да работи, а ремонт и смена на овие делови ќе Ве чини многу, посебно кај странските марки. Помал трактор, бара и помалку вложување, додека на големите трактори, само гумите се многу скапи кои се големи, но обратете внимание и на другите работи-односно дали е сервисиран и дали се гумите сменети.

Секогаш постојат некои работи кои не може да ги предвиди ни најдобриот механичар, а тоа е дека секоја машина си има свој рок на траење. Денеска може да биде во одлична состојба, а додека утре да прави проблеми, затоа е потребно секојдневно одржување на тракторот. Советуваме тракторот да го купите по препорака, од некој кој може да гарантира за него.

Кон почеток