Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Како да продадете плац  – продажба на плацови на брз и ефикасен начин

Продажбата на плацови многу често е сложен процес кој трае исклучително долго време. Од почетната идеја за продажба на плацот, преку размислување за одговорот на познатото прашање: Како да се продаде плац?, потоа рекламирање, па се до последниот чин на продажба, овој процес опфаќа многу, а понекогаш трае и по неколку години.

Сепак, продажбата на плацови не мора да биде долга и комплицирана. Постојат работи кои Вие, можете да ги направите за да ги забрзате работите. Истражувавме наместо Вас и дојдовме до оптимални совети за тоа како Продажбата на плацови може да биде многу побрза, а нив ќе ги дознаете во продолжение.

 

Правна подготовка на плацот за продажба

Пред да се огласат, плацовите за продажба треба да поминат низ рана и темелна подготовка. Добрата подготовка за продажба ќе го забрза процесот на продажба што следи. Подготовката на плацот за продажба подразбира недвосмислено да одлучите дека сакате да го продадете плацот, а потоа направете проценка дали плацот е подготвен за продажба.

Доколку на пример, сопственоста на плацот ја делите со некого, јасно е дека не можете сами да донесете одлука за продажба. Продажбата на плацот во тој случај е покомплексна постапка, за чие реализирање понекогаш се бара консултација со адвокат.

Покрај тоа, важно е да проверите дека плацот е подготвен за продажба и од законска гледна страна. Плацот не мора да биде регистриран за да можете да го продадете, но последицата од тоа е помала доверба на клиентот, пад на пазарната цена и забавен процес на продажба.

Затоа Ве советуваме да го регистрирате плацот во Катастарот на недвижности. Ако плацот не е легализиран, тој сè уште може да се продаде, но само доколку сте поднеле барање за легализација. Овој документ ќе му биде предаден на купувачот по продажбата, а треба да се каже дека барањето е направено и во самиот оглас.

Исто така, за да го продадете плацот, мора да имате договор за продажба или друга основа како доказ за сопственоста. Ако сметате дека постапката е премногу комплицирана, Ве советуваме да ангажирате Адвокат или Агенција за продажба на недвижен имот, кои со задоволство ќе Ви помогнат во сложените работи и помош така што Вашиот плац ќе го продадете побрзо и поефикасно.

 

Процена на цената на плацот

Логично е дека покрај правниот аспект пред продажбата на плацот, мора да го земете во предвид и економскиот аспект, проценетата пазарната вредност на земјиштето. Ова најдобро ќе го направите со овластен проценител за вредноста на недвижнини, кој ќе Ви издаде и документ за вредност на земјиштето.

Документот за процена на плацот е одличен додаток за огласот што сакате да го објавите. Не само што ќе зборуваат за тоа дека темелно сте средиле сè пред продажбата на плацот, оставајќи посериозен впечаток на потенцијалните купувачи, исто така ова ќе биде одличен аргумент за повисока цена.

 

Продажба на плацови и формирање на цени

Откако ќе ја направите процената на пазарната вредност, можете да ја формирате цената на плацот. Се разбира, можете да го направите тоа по Ваша желба или со помош на информации за цените на слични недвижности, но најлесно е да се формира претходно извршеното вреднување.

Со истражување на цените на сличните недвижности на интернет, лесно можете да дојдете до реални бројки за Вашиот плац. Сепак, имајте во предвид дека цените на плацовите на огласите можат да изнесуваат повеќе од реалната вредност на плацот. Во однос на сите достапни информации што ги имате, формирајте ја цената на плацот.

Се разбира, размислувајте и за фактори како што се: локација, големина, намена за која плацот може да се користи, како и други работи што директно влијаат на формирањето цени.

Иако цените на плацовите генерално се јасно наведени на самиот оглас, на нашиот пазар сè уште за цената преговараат купувачот и продавачот лице в лице. Затоа, Ве советуваме однапред да поставите минимална цена под која нема да го продадете.

Ова ќе заштеди време затоа што нема да губите време во преговори, договори и состаноци со клиенти, кои не се подготвени да издвојат пари што претходно сте ги дефинирале во огласот.

Ако сакате да го продадете плацот што е можно поскоро - правилото е едноставно - намалете ја цената! Бидете реални во утврдувањето на цената и доколку сакате брза продажба на плацот, не барајте повеќе од реалната вредност на плацот.

 

Ставете оглас на интернет 

Поставувањето на оглас за продажба на плац на интернет значително ќе го забрза овој процес. Сè што треба да направите е да напишете квалитетен оглас за продажба, што ќе привлекува клиенти и збогатете го со најдобри можни фотографии. Така ќе имате огромна целна група, која ја сочинуваат корисниците на Интернет и на најдобар можен начин да дадете на знаење дека Вашиот плац е на продажба.

Можете да го направите ова брзо, лесно и целосно бесплатно на платформата Pazar3.mk на која секојдневно се продава и купува земја во сите градови на Македонија.

 

Разгледајте ги понудите што побрзо

Рагледајте ги понудите кои пристигнуваат во најкраток можен рок. Ако одложувате и навремено не одговарате на е-пошта, голема е веројатноста дека ќе го одложите процесот на продажба на плацот. Затоа, разгледајте ги понудите веднаш и брзо донесете одлуки, врз основа на цената и стандардите што ги имате зацртано во претходните фази.

 

Бидете спремни за продажба

Сигурни сме дека со користење на горенаведените совети, продажбата на плацови ќе биде многу побрза и поедноставна и брзо ќе пронајдете купувач. Бидете подготвени за ова! Подгответе се за потпишување на пред договор и потоа договор за продажба на плац.

Запомнете дека нерегистрираната недвижност не може да се купи со станбен кредит од банки, што кај регистрирани недвижнини е можно и претставува големо олеснување за самата продажба и брзо пронаоѓање на купувачи.

Платете ги сите сметки пред да го потпишете Договорот и предадајте го плацот на новиот сопственик.

 

Честитки за Вашата брза и успешна продажба на плацот!

Кон почеток