Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Купување на фирма – на што треба да внимавате кога купувате разработен бизнис

Купување на фирма – на што треба да внимавате кога купувате разработен бизнис


Купувањето на разработен бизнис Ви дава можност да запливате во претприемачките води, а да не го градите бизнисот од почеток. Има многу предности и слабости при купување на разработен бизнис, но она што е сигурно е дека постојат работи на кои посебно треба да се внимава при овој процес.


Најлесен начин за одбирање на фирма која ќе ја купите е да го слушате Вашиот инстинкт и да биде фирма за чие водење сте навитина заинтересирани. Меѓутоа, само желбата не е доволна – искуството и познавањето на елементите за бизнисот во кој ќе влегувате се пресудни за тоа кој бизнис да го одберите. Во продолжение на текстот дознајте на што треба да внимавате при купување на разработен бизнис.

Купување на фирма – дали ќе се исплати?

Прво прашање кое треба да си го поставите пред да купите разработен бизнис е – дали ќе се исплати? Дали купувањето ќе биде успешно? На пример треба да одлучете колку пари треба да вложите, а притоа да промените некој елементи. Направете пресметка и размислете за сите средства кои планирате да ги вложите, а притоа и околку тоа, кога тие средства ќе си ги вратите.


Парите не се единствено што вложувате во Вашиот бизнис. Времето, енергијата и посветеноста која планирате да ја вложите во бизнисот се подеднакво битни. Затоа треба навреме да направите пресметка, а доколку сте нови во бизнис светот, можеби е добро да ангажирате економист кој ќе Ви помогне околу тоа. Всушност, целта на проценката е многу едноставна – добивате одговор за дали ќе Ви се исплати или не купувањето на бизнисот.

 

Добро разгледајте ја понудата на фирмите кои се на продажба

Не ја купувајте првата фирма која ќе Ви се види како привлечна и која одговара на Вашите потреби. Добро проучете ја понудата на разработани бизниси кои се на продажба, бидејќи само така ќе си ги исполните целите кои ги имате замислено.


Пребарувајте на интернет, распрашајте се, пребарувајте на сајтовите за огласи, никогаш не знаете каде може да го пронајдете тоа што го сакате. На страната на Пазар3, може да најдете одлични зделки за отстапување на разработен бизнис. Задолжително пребарувајте ги сите страници, бидејќи константно ќе наоѓате понуди, од кои една сигурно ќе одговара на Вашите желби и потреби.

 

Запознајте ја фирмата пред да ја купите

Колку ресурси ќе искористите при купување на фирмата, зависи од тоа во каква состојба ќе ја затекнете, односно од луѓето кои работат таму и процесите кои се случуваат во фирмата, како и Вашите искуства кои ги имате во одредена индустрија. Доколку, на пример, купувате компанија која се занимава со технологија, а Вам Ви недостига искуство во работата со технологијата, најверојатно ќе Ви треба повеќе време додека сфатите и научите како работите функционираат во таа област.

Затоа е исклучително важно пред да купите одредена фирма детално да се запознаете со сите нејзини елементи. Пребарувајте ја историјата на фирмата, нејзината репутација, запознајте ги вработените и нивното мислење, и општо целосната работа во таа фирма.

 

Распрашајте се зошто е таа фирма на продажба

Постојат многу причини поради кои, работодавецот се одлучил за продажба на својата фирма, а Вие како потенцијален купувач треба да ги дознаете кои се тие причини. Од тоа да сопственикот одлучува да го промени својот животен стил (повлекување и пензија), па до постоење на фундаментален проблем во самата компанија, причини за продажба може да има многу, но битно е и треба да се знаат кои се.

Прашајте го моменталниот сопственик која е причината за продажба на бизнисот, а доколку постои некој проблем со водењето на фирмата, прашајте зошто не се одлучил да го реши, туку веднаш се одлучил на продажба.

Внимавајте на тоа дали е можно бизнисот да не е добро смислен, дали можеби конкурентите се многу поуспешни, дали е фирмата задолжена, дали постојат проблеми со локацијата, менаџментот или опремата.
Пробајте да дознаете што повеќе работи за фирмата, за нејзините успеси и неуспеси, прилики и сл. Освен тоа што треба да зборувате за причините за продажба со сопственикот, исто така поразговарајте и со вработените, клиентите, соработниците, како и со корисниците на услугите од бизнисот.

 

Купете бизнис што ќе одговара со Вашиот буџет и Вашата цел

При купување на разработен бизнис, внимавајте на следниве критериуми. Важен критериум е буџетот, кој планирате да го вложите при самото купување, но и во понатамошното вложување и работа.
При избор на бизнис, внимавајте и на Вашите лични цели и желби. Не е исто ако планирате да купите разработена фирма и да ја задржите на сегашното ниво и купување на фирма со цел проширување и развивање на одредени сегменти.


Некои фирми имаат одлични можности за напредување во својата област, додека други фирми се многу далеку од достигнување на конкурентските фирми. Во однос на својот буџет и цел – одберете разработен и успешен бизнис.

 

Конечна одлука за купување на фирмата

Одкако сте ги анализирале сите важни работи и сте му посветиле внимание, време е да донесете одлука. Запишете ги сите елементи на хартија, добро размислете и определете се дали ќе се посветите на бизнисот и дали сте доволно заинтересирани да ја донесете конечната одлука за купување.
Доколку ги поминавте сите претходни чекори и дојдовте до позитивен одговор, останува само да го контактирате продавачот, односно сопственикот на бизнисот, преку нашиот сајт Пазар3.

 

Доколку пак Вие сте сопственикот и сакате да го продадете Вашиот бизнис, ова е брз и едноставен начин каде што може да ја огласите продажбата на Вашиот бизнис и да го продадете брзо. Тука секојдневно се купуваат и продаваат бизниси!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации