Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Најчесто поставуваните прашања на Пазар3

Најчесто поставуваните прашања на Пазар3

 

Овој текст каде ги презентираме најчесто поставуваните прашања е предвиден за сите огласувачи  со цел да се олесни и забрза процесот на огласување. Прашања кои најчесто се поставувани од нашите клиенти се следниве:

 

1. Како да регистрирам оглас?

Ја отворате страната на Пазар3 www.Pazar3.mk,  кликате на внеси оглас, доколку сакате да го внесите огласот како физичко лице надвор од сметка, доколку сакате огласот да ви биде во склоп на сметка се логирате во Вашата сметка. Следен чекор е пополнување на формуларот, па кликате на следен чекор. Следниот чекор претставува верификацијата на огласот, тоа значи дека треба да проверите дали внесените податоци се точни, доколку се точни продолжувате понатаму, а доколку сакате некоја измена се враќате чекор назад и ја правите потребната измена.

Под верификација на податоците имате екстра опции, екстра опциите служат за подобро истакнување на огласот. Под екстра опциите се наоѓаат начините на кои може да го извршите плаќањето. Откако ќе го изберете начинот на плаќање кликате на внеси оглас.

 

2. Колку чини еден оглас?

Цената за регистрација на оглас изнесува 30 МКД +18% ДДВ или 50 МКД +18% ДДВ во зависност од категоријата на огласуваниот предмет/услуга. Деталните информации за плаќањето, ќе бидат прикажани откако ќе заврши постапката за регистрирање на оглас. Огласот што е објавен на листата со огласи, можете да го измените или обновите за цена од 30 МКД + 18% ДДВ.

 

3. Го регистрирав огласот но не се појавува?

 Ако огласот е регистриран и не се појавува, тоа значи дека огласувачот до крај не ја има завршено постапката за огласување или нема одбрано начин на плаќање, затоа огласот не е одобрен од страна на администраторите на Пазар3.

 

4. Како да платам?

Плаќањето може да го извршите на неколку начини:

· Телефон – јави се и плати

· Платежна картичка

· Банкарска трансакција

Доколку плаќањето го извршувате преку телефон, кликнете на телефон - јави се и плати, и ќе ви се прикаже на кој телефонски број да се јавите и кој број на оглас да го внесете. Потребно е да се јавите на телефонскиот број кој Ви е прикажан и да ги следите инструкциите за да го извршите плаќањето.

 

5. Што може да направам за мојот оглас да биде позабележителен и поразличен од останатите? 

Истакнувањето на огласот можете да го направите со користење на екстра опциите:

· Галерија

· Топ позиционирање

· Посебно означување

· Автоматско обновување

· Прикажување на лого (за продавници).

· Ексклузивно огласување (за физички лица)

· Ексклузивно огласување (за претпријатија)

Галеријата се прикажува илјадници пати просечно секој ден и се прикажува во десната страна на сајтот. За да биде активна галеријата потребно е огласот да содржи слика.

Топ позиционирањето е екстра опција со која што огласот ќе биде топ 3 позициониран. Три случајно одбрани огласи во соодветна категорија се топ 3 позиционирани.

Посебно означување е екстра опција со која огласот се обележува со жолта позадина и е позабележителен при пребарување во соодветна категорија.

Со автоматско обновување се врши обнова на огласот 6 пати во текот на 18 денови.

Логото на вашата компанија се прикажува на десната страна во огласот во резултатите од пребарувањето.

Ексклузивното огласување на физички лица ги содржи сите горенаведени екстра опции.

Ексклузивно огласување за претпријатија ги содржи горенаведените екстра опции.

 

6. Регистрирав оглас, меѓутоа не ми дозволува да платам преку телефон?

Огласувачот се јавува во Пазар3 преку контакт телефон или преку email и разговара со администратор кој од огласувачот го бара телефонскиот број кој огласувачот го искористил при регистрација на огласот, и бара од огласувачот да му каже дали има избрано екстра опции во огласот, бидејќи ако има огласувањето преку телефон не може да се изврши. Екстра опциите се наплаќаат само преку платежна картичка и банкарска транскакција. Преку телефон може да се изврши плаќање само за Галерија.

 

7. Како да ја променам цената во огласот?

Промена  на цената се извршува само доколку не контактираат огласувачите од истиот телефонски број кој го искористиле при регистрација на огласот.

 

8. Како да го обновам својот оглас?

Доколку огласот е надвор од сметка, тогаш треба да се пронајде огласот  на една од трите опции, се пишува лозинка и се врши обнова. На овој начин се врши измена, се активираат екстра опции и може да се избриши огласот.

 

9. Како да креирам Пазар3 сметка?

Се отвора www.Pazar3.mk, и се селектира "креирај сметка". Се пополнува формуларот и се оди на креирај сметка и Ви пристигнува email, од каде што ќе можете да ја активирате сметката. Во склоп на сметката добивате 50 денари од наша страна кои ќе може да ги искористете за внесување на оглас.

 

10.  Како да обновам оглас без лозинка?

Доколку огласувачот не контактира од истиот телефонски број кој стои во огласот може да му се каже лозинката, но доколку не контактираат од друг телефонски број им кажуваме дека лозинката не смееме да му ја кажете доколку не не контактираат од истиот телефонски број кој е наведен во огласот.

Кон почеток