Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Пазар3 тим билдинг настан - Маврово 2019

Пазар3 тим билдинг настан - Маврово 2019

Team buidling активностите претставуваат одличен начин да се подобрат комуникацијата, мотивацијата и тимската работа кај вработените.

Пазар3, за своите тимови од Косово (MerrJep.com), Албанија (MerrJep.al), Србија (MojTrg.rs) и Македонија (Pazar3.mk) организираше тим билдинг активности во Маврово. Авантуристичките и мисловните игри, посетатата на Мавровското езеро и долгите разговори за време на паузите за кафе и ручек, создадоа еден одличен ден во кој вработените уживаа, разменувааа идеи, изградија меѓусебна доверба и донесуваа заеднички одлуки.

 

Тимскиот дух се развиваше преку следниве авантуристички и мисловни  игри:

- Змијски пат

- Лавиринт маса

- Puzzle

- Air Fun

- Диск Голф

- Рамнотежа

- Tandem Skiing

 

Ваквиот тип на активности значително ја подобруваат способноста на тимот заеднички да ги идентификуваат проблемите, можностите и тактиките за заеднички успех. Низ секоја игра, секој член на тимот ги прикажа индивидуалните карактеристики и резултатот кој се добива преку заедничкото работење. На тој начин имавме можност да заклучиме дека ниту една компанија, ниту еден тим не може да опстане поединечно.

За успех е потребен тим кој се карактеризира со меѓусебна доверба, поддршка, и желба за заеднички напредок!

 

Working Better Together!

 

Погледнете неколку слики од настанот кој вреди да се памети!

 

Тим билдинг, puzzle game

Puzzle Game

 

Тим билдинг, лавиринт маса

Лавиринт Маса

 

Тим билдинг, tandem skiing

Tandem Skiing

Кон почеток