Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Пазарот на недвижности во Македонија

 

Пазарот на недвижности во Македонија постојано се зголемува. Pazar3.mk платформата за огласување ја препозна потребата на купувачите и продавачите на недвижен имот, и создаде место каде што тие можат брзо и лесно да продадат или пронајдат недвижнини за сечиј вкус.

На платформата има посебно место за купопродажба на недвижен имот, а повеќегодишното истражување на пазарот на недвижности во Македонија ни помогна да дознаеме каде се лоцирани најдобрите. Во продолжение ќе го споделиме тоа со Вас.

 

Недвижниот имот во градовите е најповолен во предградието

Ако купувачот сака да купи стан или куќа во еден од најголемите градови во Македонија, за купувањето да биде поповолно - потребно е најголемо внимание да посвети на периферните делови на градовите, бидејќи по правило – тука се наоѓаат најприфатливите недвижности. Ова се однесува на сите поголеми градови во Македонија, каде што разликите во цената по квадрат во центарот на градот и во периферијата е навистина голема.

Во помалите градови и места, исто така, постојат разлики во цените во однос на самата локација на имотот, односно разлика во цените во центарот и на периферијата на градот.

Во Скопје каде се извршува највисок процент на купување и продажба на недвижен имот во Македонија, има највисока цена за метар квадратен.

Слична е ситуацијата со недвижностите во Битола, Охрид, Прилеп и другите градови во Македонија.

Како што знаеме, цената на недвижниот имот најмногу зависи од побарувачката за недвижен имот.  Така што стан во центарот на Скопје може има потенцијални 30 клиенти, поради што  одржува висока цена, додека во другите делови од Македонија ситуацијата не е таква.

Кога станува збор за ефтини куќи, Македонија е место каде што тие  дефинитивно можат да се најдат, но треба да се знае каде да ги барате!

 

Најповолниот недвижен имот во Македонија е во малите градови и општини

Кога станува збор за прифатлив недвижен имот, Македонија е земја во која можат да се најдат низ целата нејзина територија. Најприфатливиот недвижен имот во Македонија секако не е во големите градови, дури ни во нивната периферија, туку во малите градови и општини.

Куќа во село, претставува најповолна надвижност, но повторно потенцираме цената зависи и од видот на недвижниот имот. Вила со базен во село е поскапа од гарсоњера во градските општини на еден од поголемите градови.

 

Други фактори кои влијаат на цените на недвижностите во Македонија

Најповолните недвижнини во Македонија не се утврдени само по локација, туку и видот, големината, староста и опремата на имотот, како и други фактори. 

Приземјето, воглавно има пониска цена, потоа се цените за станови до 4-ти кат, па се до пентхаус за кои најчесто цените се највисоки.

Исто така, викендиците во Македонија претежно се наоѓаат во мали градови и се со мали површини и стара градба, така што тие често се најповолните недвижнини во Македонија. Новите градби низ цела Македонија имаат висока цена, додека старите градби се во постојан пад на цените.

Помалите станови и куќи имаат повисоки цени по квадрат за разлика од поголемите, затоа што за нив побарувачката е поголема. Достапниот паркинг (зониран, незониран, обезбеден или необезбеден простор за паркирање), исто така, влијае на цената на недвижниот имот, така што поприфатлив недвижен имот е без простор за паркирање.

Најприфатливите недвижнини генерално немаат тераса, бидејќи оние со тераса се повеќе барани. Начинот на греење и годината на последното реновирање, исто така, влијаат на цената, така што поволните недвижнини во Македонија честопати не се реновирани или имаат неекономично греење.

Сепак, локацијата и големината на имотот најмногу ја одредуваат цената на недвижниот имот, така што може да биде во совршена состојба и крајно прифатлив, но сместен на периферијата или во помало место во Македонија.

Она што го препорачуваме како најдобар начин да се најде најдобриот недвижен имот во Македонија е секојдневно да ги следите огласите на нашата платформа. Овде ќе пронајдете многу прифатливи недвижнини, а можеби и нешто што ќе Ви одговара. 

Покрај тоа што ќе откриете каде е најдобриот недвижен имот во Македонија , можете и брзо да пронајдете купувач за Вашиот имот. Ако сакате да го продадете имотот - формирајте ја најдобрата можна цена, потоа креирајте го вашиот оглас брзо и лесно - заинтересираните купувачи ќе контактираат со Вас наскоро.

Кон почеток