Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Работа во странство – како да ја најдете и што се е потребно

 

Работата во странство во последниве години е многу актуелна и е најбарана опција за вработување, барем кога е во прашање Македонија и соседните земји. Земјите од Централна Европа, често бараат работници од следниве професии: лекари, медицински сестри, инжењери и друго, и им нудат многу повисока плата во однос на Македонија, затоа не е чудно кога стотици луѓе аплицираат за работа во странство, најчесто во Германија.
Една од причините поради кои се аплицира за работа во странство, е и самата едноставносст на аплицирањето и наоѓањето на работата, посебно кога се во прашање сезонските работи.

 

Доколку сте и Вие помеѓу заинтересираните за работа во странство, во продолжение Ви даваме водич за наоѓање на работа во странство.

 

Како да најдете работа во странство – конкурси и аплицирање

 

Огласите за работа во странство се достапни на голем број платформи кои се специјално направени за оваа намена. Обично пребарувањето може да го правите и преку државата за која сте заинтересирани да одите, но и преку работата која сакате да ја работите.

Секогаш е препорачливо да проверувате доверливи извори, за кои знаете дека на некој му помогнале, одколку да се впуштите во процес на аплицирање од извори за кои не сте сигурни и никогаш немате слушнато.

Огласите за работа во странство, секогаш се со повеќе барања, одколку огласите за работа во матичната држава, првично заради јазикот на апликацијата, односно испраќање на документи преведени на повеќе јазици. За во повеќето случаеви, за апликација потребно е да ги доставите и претходните работни искуства во печатена форма (преведени на некој странски јазик, а најчесто на англиски).

Содржината на идеалното CV е напишано на А4 формат, па пробајте во овие рамки да ги наведите сите најбитни сегменти за Вашето образование и работно искуство. Во апликацијата треба да ги вметнете и копиите од дипломи и сертификати кои претходно треба да бидат заверени на нотар. Во зависност од самиот работодавач, може дополнително да Ви бараат и дополнителни потврди.

 

Работата во Германија – најбарана кај Македонците

 

Земјите во Западна и Централна Европа постојано имаат потреба од работници, а истите ги пополнуваат првично со работници од балканските земји.
Кога е во прашање работата во Германија, која е најпопуларна опција кај Македонците поради добрите услови и бизниси, исто така Македонците ги привлекува и тоа што може да се вработат кај македонци кои се веќе таму многу години. Ова многу им е привлечно бидејќи го сметаат како работа од дома, затоа што газдите им се Македонци. Тоа особено случај со чувањето деца, работење домашни работи, работа во угостителство и сл. Освен Германија, земји со најголема перспектива се и Австрија, Шведска, Италија и Швајцарија.

 

Понуда на сезонска работа во странство


Сезонската работа во странство воедно е и најбарана опција за вработување надвор од границите на нашата земја. Предноста е во тоа што вработените најчесто работаат само неколку месеци, а сепак остваруваат заработка на високо ниво.

Македонците најчесто како сезонска работа ја бираат работата во градежништво, угостителство, полупроизводство, и здравство каде што и се најмногу платени.
Меѓутоа, треба да се има во предвид дека сезонските работи се многу потешки и понапорни од работите кои се со редовен работен однос, во странство. Некогаш смената може да трае и до 12 часа, со две паузи за јадење, а смештајот за сите сезонски работници е ист, па затоа удобноста е на малку пониско ниво.
Сепак, се што е потребно за нормално функционирање е обезбедено, па доколку сте спремни на неколку месеци да ја оставите удобноста на која сте навикнати дома на страна, тогаш сезонската работа е одлична можност за заработка.

 

Најдобрите опции за работа во странство

 

Освен горе наведените земји во централна и западна Европа, сезонските работи се застапени и на приморските подрачја, каде обично се занимаваат со угостителство во текот на летото. Меѓу македонските државјани, најактуелни се работните позиции во Малта, Хрватска, и Грција.
Кога е во прашање сезонската работа, странските земји нудат и голем број на предности, иако најдобри се оние на море, а истотака и заработката е одлична.


Доколку и понатаму сте заинтересирани за работа во странство, потрудете се да најдете доверлив посредник, кој работи согласно законот, а Ваше да биде само да приготвите документи за пријава кои ќе Ве претстават на работодавецот во најдобро светло. Земете ги во предвид сите трошoци, добивки и вкупна заработка и дури тогаш донесете одлука каде ќе престојувате наредните месеци или години.

 

Кон почеток