Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Soveti i alatki za produktivna rabota od doma za vreme na korona virusot

Совети и алатки за продуктивна работа од дома за време на корона вирусот

 

 Работењето од дома изгледа многу лесно, едноставно и убаво. Најпрвин патувањето е сведено на минимум, може да си работиме по пижами и да бидеме заштитени од корoна вирусот. Но, сепак треба да мислиме и на тоа колку ќе бидеме продуктивни во работењето од дома? Работењето од  дома станува се почесто за многу луѓе, благодарение на технологијата која овозможува достапна комуникација со кого било и каде било во светски рамки.

         Сепак, можеме да имаме и проблеми кога работиме од дома. Дома сите ние си имаме свои рутини и обврски кои можеби ќе ни го одвлекуваат вниманието и кои ќе сакаме да ги завршиме пред  да продолжиме со работата која ни ја плаќа работодавецот.

Работењето од  дома има многу предности – одредување работно време, предност во домашната кујна, патување работа-дома-работа не трае ни цела минута. Но, има и свои недостатоци.

Недостатокoт на колегите од работа и осаменост често е голем проблем на работeње од дома. Исто голем проблем е мотивираноста и продуктивноста.

 

Продуктивно работење од дома

Баш со овој проблем се соочуваат многу луѓе кои работат од дома. Како да ја задржат продуктивноста на местото каде јадат, спијат и гледаат телевизија? Тајната е во пронаоѓање на рамка за работа. Рамка која ќе ни помогне да ја прифатиме која било работа за која сме морале да одиме во канцеларија.

 

Направете домашна канцеларија

Сместете го  вашиот компјутер во кујна или дневна ако живеете сами, но ако го делите своето живеалиште со други лица (партнер, деца или цимери), морате да бидете свесни дека и тие живеат и неможат да одат на прсти само затоа што Вие работите.

Ако имате слободна соба искористете ја да направите домашна канцеларија. Во секој случај изнаоѓањето на посебен простор кој ќе служи за работа е исто како да имате свое биро или канцеларија.

 

Облечете се за на работа

Кај некои една од предностите на работењето од дома е тоа што не мораат да мислат  што ќе облечат за на работа. Бидејќи од дома може да работат како што им е најкомотно.

Но тоа може да се одрази негативно на продуктивноста, направени се многу истражувања кои покажале дека облеката помага да го претставиме она што го работиме, затоа облечете се исто како да сте на вашето работно место во канцеларија, што ќе ви помогне да го задржите вашето внимание и концентрација на вашата работа.

 

Користење на алатки за комуникација

Комуникацијата меѓу клиентите и колегите од работа во денешно време е едноставна и брза. Работа со алатките кои ни се овозможени на интернет, а такви ги има повеќе: Viber, Skype, Slack, Asana, Google Drive; кои овозможуваат непречена комуникација, посебно помеѓу вработените во една компанија каде што може да се одржуваат конференции и состаноци online. Тука ќе ги опишеме накратко дел од алатките што наоѓаат примена во online работењето:

Skype

Skype е алатка за комуникација, изградена за деловните активности да се поврзат каде било, во секое време. Лесна е за користење.  Тимовите во компаниите што ја користат комбинираат инстант пораки, видео конференции, повици и соработка со документи во единствена, интегрирана апликација.

Viber

Овозможува бесплатни и безбедни повици и пораки до секого, каде билo во светот.

Slack

 Slack ги организира тимовите, каде и да е, се со цел за полесно, побрзо и поефикасно работење. Разговорите во Slack се одвиваат во наменски места наречени канали за полесна организација во една компанија или помеѓу компаниите.

Asana

Asana ни овозможува работа од каде било се  со цел тимовите во компаниите да останат фокусирани на целите, проектите и секојдневните задачи .

Google drive

Google drive ни овозможува безбедно место за сите датотеки. Во Google Drive може да се пристапи од било кој уред и овозможува првите складирања до 15GB да се бесплатни.

Google Hangouts

Google Hangouts е  комуникациски софтвер развиен од Google. Hangouts дозволува разговори помеѓу два или повеќе корисници. До услугата може да се пристапи преку Интернет преку веб-страниците на Gmail или Google+.

 

Со зголемениот развој на технологијата се отвори можност за вработените да работаат од удобноста на својот дом. Флексибилноста на работа сега има значајна улога во вработувањето. Вработување на квалитетни работници и задржување на работа е главна грижа на секој работодавец. COVID-19 го постави работењето од дома на огромен тест и на тотално непредвидливо скалило.

Заради заштита на работниците, а исто така и воопшто на целиот здравствен систем вработените од цел свет (оние кои можат да извршуваат работни задачи од дома), пристапија на работа од дома па така тие се најдоа во еден вид работен карантин. Вработени од Јапонија, Кина, Италија, Германија, САД, големите компании како Аmazon, Google, Facebook, Microsoft, им наложија на своите вработени да останат дома и да ги извршуваат работните задачи, при тоа оделенијата за човечки ресурси прават планови за одреден период да ги остават вработените да работат од дома. Секако ова е и еден вид на експеримент кој на компаниите ќе им приложи податоци за функционалноста на работата од дома и исто така и на тимот вработени кога не се заедно.

Сеуште не е јасно како COVID-19 ќе го промени или зацврсти мислењето на компаниите за работата од дома. Некои големи компании истакнаа дека остануваат на мислењето за работа од канцеларии, истакнувајќи дека ќе се набават поголеми количини на средства за дезинфекција и им кажале на своите вработени дека треба да се вратат во канцелариите, бидејќи сметаале дека дел од вработените не се продуктивни дома. Потребата од работењето од дома стана секојдневие во денешно време.

Со оглед на ситуацијата што се случува на глобално ниво и со прогласувањето на пандемија во светски рамки многу од бизнис компаниите во светот, па и кај нас ги советуваа своите вработени да останат во своите домови и од таму да ги извршуваат непречено своите работни обврски, користејќи ги  горе споменатите алатки за комуникација помеѓу вработените во компанијата или доколку е потребно и со клиентите. Пазар3 како компанија која ги следи светските трендови, а во оваа ситуација препораките од Светската Здравствена Организација и од надлежните Министерства на Република Северна Македонија одлучи своите вработени работните задачи да ги извршуваат од своите домови, се со една и единствена цел да ги заштити своите вработени.

 

Земете шоља кафе, бидете креативни и продуктивни, разгледајте што има ново на Пазар3 и заедно сите со поголема свест кон себе и кон сите други да се заштитиме од COVID 19 и заедно да ја надминеме оваа состојба.

Кон почеток