Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Што е поисплатливо – да се купи или да се изнајми нов дом?

Што е поисплатливо – да се купи или да се изнајми нов дом?

Одлуката да се купи или изнајми куќа или стан, воопшто не е едноставна. Со овој текст би сакале да Ви помогнеме да ги измерите предностите и слабостите на купувањето наспроти изнајмувањето. 

 

1. Поседувањето куќа или стан претставува одлична инвестиција и можност за постојан прилив на пари.

2. Изнајмувањето нуди голема флексибилност. Многу е полесно да се преселите доколку се случи неочекуван настан, имате потреба од селење во друг град и слично.

3. Сопствеништвото на стан или куќа Ви дава чувство на стабилност и сигурност.

4. Цената на киријата варира, а сопствениците не толку ретко знаат и да ја променат цената на средината од Вашиот престој.

5. Имањето на сопствен дом, стан или куќа носи и голема одговорност и трошоци за оддржување.

6. Купувањето на стан или куќа има високи почетни трошоци.

7. Изнајмувањето, на долг рок се смета за лоша инвестиција бидејќи имате постојани месечни трошоци, а никаков извор на приход ниту можност за идна заработка.

8. Постојат можности кои го олеснуваат процесот на купувањето нов дом како субвенционирани станбени кредити и институции кои нудат поволни каматни стапки за купување на стан или куќа. 

www.pazar3.mk

Интересот за  недвижнини е навистина голем! Само на www.pazar3.mk во моментов се продаваат/изнајмуваат неверојатни *82.180 станови, и 15.244 куќи/вили. Од нив, како што би можеле и да претпоставите, дури 71.696 станови и 8.427 куќи/вили се во Скопје. При донесувањето на одлуката за купување или изнајмување мора да се размисли и за локацијата, како значаен фактор кој во голема мера ја определува цената на изнајмување или продавање на куќи или станови. 

Купувањето и продавањето имаат свои предности и слабости. На крај, се зависи од Вашите лични потреби и можности, но секако таквата одлука бара време и доста истражување за да се разгледа понудата и сите достапни можности за купување или изнајмување.

 

* Податоци од 26.08.2019

 

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации