Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Зимското орање и преработка на земјиштето во текот на зимата

Зимското орање и преработка на земјиштето во текот на зимата


Успешноста при одгледување на сите култури зависи од многу фактори, а секако најважни се плодноста и влажноста на земјиштето. За да земјиштето биде добро подготвено за пролетната сеидба, стручњаците за производство советуваат во есен или во зима да се направи длабоко орање, а пред ѓубрење да се направи задолжителна анализа на земјата.
Во текот на есента и почетокот на зимата, се препорачува земјиштето длабоко да се изора и да се наѓубри со минерални ѓубрива. Треба да се остави бразда што подлабоко, како би ја повлекла целата влага и би замрзнала во текот на зимата. Тоа значи дека обработката на земјиштето треба да се практикува во текот на целата година, за што подобри резултати.


По правило, зимското орање е важно за сите поседи кои ќе се сеат во текот на пролетта, а орање кога ќе има снег не се препорачува само на земјишта каде што има опасност од ерозија во текот на зимата. Земјата која е изорана во текот на есента и зимата е погодна за садење и производство, бидејќи има доволно влага за во летниот период, а мразот ги уништува штетните бактерии од земјата.

 

Зoшто е важно зимското орање на земјиштето?


Благодетта која ја носи зимското орање на земјата е повеќебројна. Сите билки кои сакаат вода за својот опстанок и растење, влагата од воздухот ја користат, но најпотребна му е водата која ја примаат преку коренот од земјата.
Зимското орање е важно бидејќи претставува најдобар регулатор на влагата во земјата. Земјата како основа на секоја билка и корен, мора да обезбеди нормални услови за раст и развој – вода, минерални материи, воздух и топлина. Недостатокот од само еден од овие фактори го спречува правилниот раст на растението.
Растенијата за сите свои функции при растење и созревање трошат многу вода. Во пракса се покажало дека зимското орање е најмоќниот механизам за баланс на водата во коренот, за да може растението во текот на пролетта да ја користи за нормален раст и развој.
Зимското орање по снег овозможува на нивата да се создади површински слој кој е рофит и мек. Тој слој на вода што доаѓа од дождот и снегот, дел останува на површина, дел се упива длабоко во земјата, а така влажна земјата е идеална за сите растенија кои се садат на пролет.


Како изгледа зимското орање на нивата?


Препораката е земјиштето да се обработува во доцна есен, крајот на октомври или во текот на ноември. Длабокото зимско орање се прави на длабочина од 35 до 40 cm, а ораницата би требало добро да се обработи за да се измеша за да и до неа допре влагата, воздухот и мразот. Со зимското орање, влагата која длабоко се наталожила во текот на зимата, се помешва и затоа навремено може да се започне со садење на раните зеленчуци.


Како треба да се обработува земјата во текот на пролетта?


Земјиштето кое е длабоко орано во текот на зимата, не би требало повторно да се ора во текот на пролетта, со оглед на тоа дека со орањето, на површина излегува долниот слој кој е многу влажен, па се губи влажноста на земјата.

Меѓутоа, ако жемјиштето е многу тврдо и со есенското орање се набило, тогаш се препорачува повторно орање. Изораната површина до 15cm, би требало уште истиот ден да се подхрани, за губењето на влагата биде минимално.


Основните предности кои ги носи зимското орање 


Зимското орање придонесува за спречување на голем дел од стетниците и бактериите во земјата. Исто така зимското орање помага во спречување на растот на плевелот и тоа на два начини – ги сече и заорува деловите на плевелот, но заорува и дел од семето на поголема длабочина, што значи дека порано или подоцна целосно ќе се уништи, бидејќи не им продира влага, воздух и топлина.
Истотака, со орањето се меша горниот и збијан слој, со разните остатоци и треви во подолните слоеви, а долниот слој доаѓа на површина. Со тоа се постигнува слоевито мешање на земјата.
На тој начин се ствара погодна водно-воздушна подлога, која ја интензивира развојот на добрите микроорганизми и ја подобрува плодноста на земјиштето. Мразот е исто така благодет за физичките својства на земјата.

Земјиштето во Македонија е многу плодно, но секако дека е потребно и негово правилно обработување.
Во нашата земја има полеми површини на обработливо земјоделско земјиште и тоа во Пелагонија, Преспа, струмичко поле, кои освен за земјоделски производи, се наменети и плодни за секаков тип на култури.


Како што може да заклучиме, зимското орање е неопходно за оние култури кои се сеат во текот на пролетта, но и за самото земјиште, како би се подобрил неговиот квалитет. Не го занемарувајте ова, за да може во текот на пролетта да очекувате подобри резултати и плод. Доколку пак Ви е потребна механизација за обработка на земјата погледнете ги моменталните огласи за машини и механизација на Pazar.mk.  

Кон почеток