Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Зошто се повеќе луѓе се одлучуваат за живот на село?

Зошто се повеќе луѓе се одлучуваат за живот на село?

 

Македонија како и сите земји во светот се соочуваа со миграција на руралното население во урбаните центри и поголемите градови.

Сепак, се случува нешто необично!

Дали е тоа заради начинот на кој растеме, опкружени со семејството и некои здрави вредности и погледи на светот, или заради уморот што го чувствуваат луѓето поради брзиот и исцрпувачки начин на живот - забележителна е популарноста на селската околина и враќање на луѓето на село.

 

Зошто луѓето одлучуваат да живеат на село и што сè не очекува таму?

 

Цените на куќите и плацовите се пониски

Со емиграцијата на руралното население, цената на плацовите драстично се намалува. Не е невообичаено цената на куќа со двор и помошни простории да излезе во реклами за продажба од 5 или 10 илјади евра, а цените да не надминат бројка од 30.000 €. Има многу поволни и популарни места во Македонија. Со оглед дека цената на станбен квадрат во Скопје или друг поголем град изнесува околу 1200 евра - не е лоша можност да си го организираш животот на село и да се наречеш домаќин на големи куќи со имот, пред да подигнете станбен кредит и да ризикувате лоши можности и да дојдете до повторна загуба на станот што ќе го плаќате до дваесет години.

 

Храната е здрава, а водата е чиста и свежа

 

Прекрасна природа која дава најздрава храна на светот. Дека странците знаат да го ценат здравиот рурален живот, ни кажува податокот дека сè повеќе луѓе од Германија, Шведска или Америка се доселуваат на руралните имоти и се занимаваат со одгледување на органско овошје и зеленчук, што не е третирано со хемикалии.

Многумина се образовани и се враќаат во нивните родни села за да ги применат своите знаења и вештини во подобрување на одгледувањето на пченица, проширување на овоштарниците и виновата лоза или обнова на фармите на своите дедовци и татковци со надеж дека нивните деца ќе станат квалитетни луѓе.

Враќањето на село кај луѓето ја буди природната поврзаност со животните, земјата и природата. Еколошката свест се раѓа во нив и тие имаат посебен вид психичка стабилност. Тие дознале дека еден град може да го уништи овоштарникот или да ја уништи жетвата. Поради нивниот постојан контакт со земјата и со реалноста, тие не се оптоварени со илузија на која било имагинарна реалност.

 

Воздухот е чист и помага при здравствени проблеми

 

Кога последен пат сте се почувствувале одморени кога наутро ќе се разбудите или ќе се чувствувате релаксирано на крајот на денот? Кога живеете во село, сосема е нормално наутро да станете со желба за работа, дури и после напорната работа на нива или во штала. Иако се чини неверојатно, причината е базирана и во науката.

Откриено е дека дневна изложеност на свеж воздух, прочистен по природен пат преку, присуството на шуми, треви и цвеќиња, влијае на крвниот притисок, на срцето и нивото на стрес што се развива во текот на денот.

Организмот и имунолошкиот систем самите учат да ослободуваат антихистаминици и да ги регулираат алергиите на полен, прашина и смог на кои сме повеќе изложени во градовите отколку во селата или периферни делови на урбаните населби. Враќањето во селото се покажало успешно неколку пати кога е потребно да се контролира главоболката, депресијата и несоницата.

 

Помало опкружување овозможува подобро детство

 

Родителите од градовите имаат многу помалку време за своите деца, заради преголемата зафатеност со нивните работни обврски. Децата се оставени на дадилките, кои иако се обидуваат, не можат да ги заменат родителите.

Градинките и училиштата се скапи и има многу деца.

 

Помалку училишта и помалку ученици значи еднакво внимание на сите

 

Иако е многу лошо што нашите села имаат дефицит од ученици, поубавата страна е учење во помали групи, каде на секое дете му се дава еднакво внимание и внимателно се следи неговиот напредок во учењето. Децата од помалите заедници се покажаа дека побрзо владеат со материјалот и имаат поздрав поглед на светот.

Тој поглед кон светот што нивното семејство и училиште го всадуваат уште во раното детство може во огромна мерка да го укажува патот што ќе го одат.

Кога на време ќе дознае што е напор и посветеност, подоцна ќе може да ги цени и малите работи во животот.

 

Блискоста на соседите и нивните собири во заедниците

 

На село, можете да очекувате помош од вашиот сосед, како на слава, радост, така и за тешки физички работи на поле, како берење овошје или зеленчук и слично.

Луѓето од селата се дел од голема заедница. За време на земјоделската работа, тие работат по нивите, но со задоволство се собираат во локалната кафeана. Тоа е централно место на сите локални вести. А и покрај популарното верување дека се отсечени од светот во селото, многу села во Македонија има одличен интернет сигнал за да можете да го доведете светот во вашето село.

 

Многумина што одлучуваат да го изберат селото или неговите корени, како и брзиот и загаден живот во метрополата да го заменат за здрави навики, обично не се свесни дека за живот на село му треба многу работа, инвестиции и откажување. Во селата ги има сите услови за исполнет и удобен живот - но како и секоја друга работа - мора да се работи, и од од таа работа може да се заработи пензија.

Доколку ги споредиме разликите во живееење помеѓу село и град, ќе видиме дека и двата начина имаат свои огромни предности, но убавината и здравиот живот повеќе одговараат на руралниот живот. Доколку и Вие се одлучите за живот на село проверете ги огласите за продажба на куќи и вили во некое од преубавите македонски села.

Кон почеток