За да можете да креирате огласи, Ве молиме изберете и платете за претплатата која Ви одговара. Исто така можете да погледнете тука "Кориснички подесувања" и да го измените начинот на плаќање.
Доорс Импекс ДООЕЛ – Врати и автоматика по европски стандарди
Фирмата Доорс Импекс е основана во 2010г. во Скопје, со јасна визија да понуди врвни производи и услуги во областа на вратите и автоматиката. Како официјален застапник на водечките европски брендови Novoferm, Doorhan, Marantec, Locher и Stilplast, ние нудиме целосни решенија за вашите потреби.
Во нашата понуда влегуваат гаражни врати, противпожарни и специјални врати, автоматика за гаражни, крилни и клизни врати, како и ПВЦ и алуминиумска програма за современ и енергетски ефикасен дом или деловен објект. Ние се грижиме за сè – од продажба, монтажа, до сервис и редовно одржување на производите.
Нашата главна стратегија е да понудиме производ со врвен квалитет и достапни цени, притоа не правејќи компромис со безбедноста, функционалноста и естетиката. За нас, секој клиент е уникатен, а секој проект е предизвик кој го решаваме со внимание и професионалност.
Доорс Импекс има изградено долгогодишна доверба преку блиска соработка со своите клиенти и разбирање на нивните конкретни барања и очекувања.
Посетете ја нашата онлајн продавница на Пазар3 и дознајте зошто Доорс Импекс ДООЕЛ е синоним за квалитетни врати и автоматика во Македонија!
Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.