Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

ГУМОЛД ДОО Скопје

ГУМОЛД ДОО објавува оглас за работно место:
Металостругар– работа на универзален струг
Компанијата ГУМОЛД ДОО има потреба од одговорна и мотивирана личност за работа на универзален струг во производствениот процес на метални делови и валци.
Потребни квалификации:
• Средно или основно образование
• Пожелно претходно искуство со стругови или метална обработка
• Може да аплицираат и кандидати без искуство (обезбедена обука)
Основна плата:
• 50.000 денари
Компанијата нуди:
• Договор за вработување (определено со можност за продолжување на неопределено време)
• Обука за работа на универзален струг
• Можност за напредување и зголемување на плата
• Работа во две смени од Понеделник до Петок
• 40 работни часа неделно
• Стабилна и долгорочна работа
Потребни карактерни особини:
• Дисциплина и одговорност во извршување на задачите
• Внимателно и безбедно ракување со машините
• Тимска работа и комуникација со колегите
• Организираност и посветеност на работата
Работни задачи и одговорности:
• Работа на универзален струг за обработка на метални делови и валци
• Изработка и финална обработка на метални делови
• Одржување на ред и чистота во работниот простор
• Почитување на правилата за безбедност при работа
Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати можат да достават свое CV со назнака
„Машински работник – универзален струг“
на e-mail: gumold@gumold.com.mk
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.
Kisela Voda, Skopje
Сите 1-2 од 2
1 - 2 од 2 податоци

Пораки

Пораки

Информации за корисникот

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации