За да можете да креирате огласи, Ве молиме изберете и платете за претплатата која Ви одговара. Исто така можете да погледнете тука "Кориснички подесувања" и да го измените начинот на плаќање.
ХЕЛИ Македонија е официјалниот дистрибутер за вилушкарите ХЕЛИ, бренд кој се истакнува по својата доверливост, современа технологија и робустен дизајн. ХЕЛИ е најпознатиот кинески бренд на вилушкари, препознаен ширум светот по својот висок квалитет за ниска цена, што го прави идеален избор за компании кои бараат долгорочна вредност и стабилност во работењето.
Нашата понуда опфаќа широк спектар електрични и дизел вилушкари, палетарки и друга индустриска опрема која е одличен избор за среден интензитет на работа, како магацини, логистички центри, производствени погони и градежни фирми.
Дополнително, обезбедуваме достапен мобилен сервис (на ваша локација) со резервни делови, што значи дека нашите техничари можат брзо да реагираат и да го одржат вашиот вилушкар во врвна работна состојба без потреба од транспорт до сервисен центар.
Во ХЕЛИ Македонија веруваме во професионална услуга, транспарентни цени и долгорочна поддршка.
Нашата мисија е да им помогнеме на компаниите да работат побезбедно, поефикасно и со значително намалени трошоци.
Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.