Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

ХЕЛИ Виљушкари ДООЕЛ

Највисок квалитет за најниска цена

Хели Виљушкари ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е продажба и сервис на опрема од брендот HELI.
Ние сме лидери во продажба на нови виљушкари на територија на Република Македонија.
Anhui HELI Co., Ltd има 8400 вработени со годишна продажба од 280 000 виљушкари во вредност од 2,4 милијарда долари (според Wall Street Journal). Во моментов е седми бренд во светот и во 2021 година има пораст во продажба од 25% што е убедливо најмногу во споредба со другите светски производители. Со таква тенденција се очекува во блиска иднина да влезе во топ 5 светски производители.
Продуктите од брендот HELI се продаваат во повеќе од 150 држави во светот, а за Европскиот пазар постои посебна Европска дивизија под име HELI Europe со седиште во Франција. Нашата компанија е во постојана комуникација со HELI Europe за потребите на нашите клиенти.
HELI има основано заедничка компанија со CATL која е најголемиот светски производител на литиумски батерии за електрични возила во светот и е снабдувач на врвните светски компании: Tesla, Mercedes, BMW, VW и т.н.
HELI виљушкарите со погон на дизел, плин и бензин вградуваат мотори од најпознатите јапонски производители како што се: Mitsubishi, Nissan, Kubota, Isuzu.
HELI има основано заедничка компанија со ZF Friedrichshafen AG за производство на трансмисии и електрични мотори. Сето ова гарантира HELI виљушкарите да имаат одлични перформанси, издржливост и долг век.
Ние исто така вршиме продажба и сервис на компресори од познатиот кинески производител SCR Air Compressors кој е во споственост на јапонската корпорација Anest Iwatа.
Наша главна мисија е на Вас да ви понудиме производи со премиум квалитет, но за најниска цена.

Куманово

Огласи во продавницата

Сите 1-20 од 20
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации