За да можете да креирате огласи, Ве молиме изберете и платете за претплатата која Ви одговара. Исто така можете да погледнете тука "Кориснички подесувања" и да го измените начинот на плаќање.
Сместен во ладовините на скопскиот градски парк, хотелот ”КАНЕТ” е едно од најпосакуваните места за починка и релаксација во најстарото маало, Дебар Маало, во центарот на градот Скопје. Изграден во 1999 година, а комплетно реновиран во февруари 2011 година, се одликува со мошне интересна, специфична и натуралистичка архитектура. Така вклопен во просторот е вистински рај за очите на секој човек. Хотелот се наоѓа позади фонтаната во градски парк. Во непосредна околина се наоѓаат Владата на Р.Македонија, Собранието, Американската амбасада, Италијанската амбасада, градскиот плоштад Македонија и градскиот трговски центар. Од сите наброени локации најоддалечената е петнаеесет минути пеш.
Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.