Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Прашања поврзани со плаќањето

Контактирајте го Пазар3 – Центарот за грижа на корисници доколку не можете да ги најдете одговорите на долунаведените прашања:

Која е цената за огласување?

Цената за регистрација на оглас изнесува 30 МКД +18% ДДВ или 50 МКД +18% ДДВ во зависност од категоријата на огласуваниот предмет/услуга. Деталните информации за плаќањето, ќе бидат прикажани откако ќе заврши постапката за регистрирање на оглас. Проверете колку изнесува цената за одредена категорија. Огласот што е објавен на листата со огласи, можете да го измените или обновите за цена од 30 МКД + 18% ДДВ.

Дополнителни опции за огласување

Огласувачите можат да додадат дополнителни опции за огласот да биде позабележителен.

  • Галерија – Вашиот оглас се прикажува во делот Галерија кој се наоѓа на десната страна од резултатите од пребарувањето. Во Галеријата ротираат 3 случајно избрани огласи кои се поврзани со критериумот за пребарување. Цена 90 МКД +18% ДДВ.
  • Прикажување на лого – Логото на Вашата компанија се прикажува на десната страна во огласот во резултатите од пребарувањето. Оваа опција е достапна само за сопствениците на продавници. Цена: 90 МКД + 18% ДДВ.
  • Посебно означување – Вашиот оглас се прикажува со жолта позадина во резултатите од пребарувањето и се истакнува повеќе од останатите огласи. Цена: 90 МКД + 18% ДДВ.
  • Топ позиционирање – Вашиот оглас се прикажува помеѓу топ позиционираните огласи во резултатите од пребарувањето. Три случајно избрани огласи се прикажуваат како топ позиционирани огласи на почетокот на секоја страна поврзана со критериумите од пребарувањето. Цена: 160 МКД + 18% ДДВ.
  • Автоматско обновување – Вашиот оглас автоматски се обновува на секои 3 дена односно (6 пати) во период од 18 дена. Цена: 160 МКД + 18% ДДВ.
  • Примете SMS нотификации – Веќе не треба да го проверите Вашето сандаче за нови пораки. Ќе добиете нотификации преку SMS за нови одговори за Вашиот оглас. SMS нотификациите ќе бидат испратени само за нови одговори. Цена: 90 МКД +18% ДДВ за две недели.
  • Ексклузивно огласување (Физички лица): Галерија + Посебно означување + Автоматско обновување + Топ позиционирање + SMS нотификации. Цена: 472 МКД + 18% ДДВ.
  • Ексклузивно огласување (Претпријатие): Галерија + Прикажување на лого + Посебно означување + Автоматско обновување + Топ позиционирање + SMS нотификации. Цена: 544 МКД + 18% ДДВ.

Начини на плаќање

Плаќањето може да го извршите со платежна картичка или банкарска трансакција.

Ова е постапката за плаќање на Вашиот оглас со платежна картичка:

Доколку сте го одбрале начинот на плаќање со платежна картичка, потребно е да ги пополнете полињата за број на платежна картичка, рок на важност и CVC2/CVV2 број (последни 3 бројки од задната страна на картичката). Следењето на безбедноста за трансакциите извршени со платежни картички, се прави од страна на системот на ХалкБанк АД, што ја користи последната верзија на SSL технологијата за заштита.

Плаќањата можат да се извршат преку MasterCard или Visa платежните картички што се користат за онлајн плаќања.

Со извршената уплата Вашата платежна картичка е автоматски зачувана во Вашата Пазар3 сметка. Пазар3.КОМ ДООЕЛ нема никаков увид и пристап до податоците од Вашата платежна картичка. Податоците се зачувуваат во системот на банката, во согласност со највисоките безбедносни стандарди. Доколку сакате да ја отстраните зачуваната картичка од Вашата Пазар3 сметка, тоа можете да го направите во делот “Начини на плаќање” и да ја одберете опцијата “Отстрани картичка”.

Со активирање на услугата за Автоматско реактивирање на екстра опциите, услугата се активира автоматски и се повторува по истекот на дефинираниот период, се додека не ја откажите истата. Уплатата се извршува од Вашата зачувана картичка. Доколку немате зачувана картичка уплатата ќе се реализира од салдото на Вашата корисничка сметка.

Останати прашања во врска со плаќањето

Сте го извршиле плаќањето, но огласот сеуште не е објавен

  • Бидете сигурни дека сте ја избрале вистинската категорија во која го огласувате Вашиот предмет. Пазар3 има право да го одбие огласот или измени категоријата доколку огласувате во погрешна категорија.
  • Кога ќе го извршите плаќањето, потребни се 1-2 часа додека администраторите го прегледаат огласот. Огласите кои ги прекршуваат Пазар3 Правилата за огласување , ќе бидат одбиени. Вие ќе имате можност за корекција на огласот кој потоа ќе биде повторно прегледан. Огласите што ќе бидат платени после полноќ, ќе бидат објавени наредниот ден.
  • Кога го пребарувате Вашиот оглас проверете го правописот, прочитајте ги исто така и Пазар3 Опциите за пребарување со цел да ги подобрите резултатите од пребарувањето. Забележете дека постарите огласи се прикажуваат најдолу на листата.
  • Плаќањето мора да биде извршено во рок од 48 часа по добивањето на информациите за плаќање, затоа што во спротивно, огласот нема да се објави. Доколку задоцните со плаќањето, контактирајте го Пазар3 Центарот за грижа на корисници преку електронска пошта: [email protected] или јавете се на телефонскиот број: +389 (0) 47 55 11 66 / +389 (0) 78 377 677. Огласот ќе биде одобрен од страна на администраторите.

Компензација

Пазар3 го надоместува трошокот на огласување само во случај на техничка или манипулативна грешка предизвикана од трета страна. Во други околности, враќањето на парите не е можно. Ако огласот Ви е одбиен поради тоа што ги прекршува правилата, можете да внесете нов бесплатно (враќањето на парите не е можно). Пазар3 го задржува правото да одлучи дали огласот ги прекршува Правилата за огласување.

Пазар3 не надоместува било каква настаната финансиска штета на продавачите или купувачите како резултат на нивното огласување на Пазар3.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации