Македонски | Shqip | English |

Прашања поврзани со плаќањето

Контактирајте го Пазар3 - Центарот за грижа на корисници доколку не можете да ги најдете одговорите на долунаведените прашања:

Која е цената за огласување?

Цената за регистрација на оглас изнесува 30 МКД +18% ДДВ или 50 МКД +18% ДДВ во зависност од категоријата на огласуваниот предмет/услуга. Деталните информации за плаќањето, ќе бидат прикажани откако ќе заврши постапката за регистрирање на оглас. Проверете колку изнесува цената за одредена категорија. Огласот што е објавен на листата со огласи, можете да го измените или обновите за цена од 30 МКД + 18% ДДВ.

Дополнителни опции за огласување

Огласувачите можат да додадат дополнителни опции за огласот да биде позабележителен.

  • Галерија – Вашиот оглас се прикажува во делот Галерија кој се наоѓа на десната страна од резултатите од пребарувањето. Во Галеријата ротираат 3 случајно избрани огласи кои се поврзани со критериумот за пребарување. Цена 90 МКД +18% ДДВ
  • Прикажување на лого - Логото на Вашата компанија се прикажува на десната страна во огласот во резултатите од пребарувањето. Оваа опција е достапна само за сопствениците на продавници. Цена: 90 МКД + 18% ДДВ
  • Посебно означување - Вашиот оглас се прикажува со жолта позадина во резултатите од пребарувањето и се истакнува повеќе од останатите огласи. Цена: 90 МКД + 18% ДДВ
  • Топ позиционирање - Вашиот оглас се прикажува помеѓу топ позиционираните огласи во резултатите од пребарувањето. Три случајно избрани огласи се прикажуваат како топ позиционирани огласи на почетокот на секоја страна поврзана со критериумите од пребарувањето. Цена: 160 МКД + 18% ДДВ
  • Автоматско обновување - Вашиот оглас автоматски се обновува на секои 3 дена односно( 6 пати) во период од 18 дена. Цена: 160 МКД + 18% ДДВ
  • Примете SMS нотификации - Веќе не треба да го проверите Вашето сандаче за нови пораки. Ќе добиете нотификации преку SMS за нови одговори за Вашиот оглас. SMS нотификациите ќе бидат испратени само за нови одговори. Цена: 90 МКД +18% ДДВ за две недели.
  • Ексклузивно огласување (Физички лица): Галерија + Посебно означување + Автоматско обновување + Топ позиционирање + SMS нотификации. Цена: 456 МКД + 18% ДДВ
  • Ексклузивно огласување (Претпријатие): Галерија + Прикажување на лого + Посебно означување + Автоматско обновување + Топ позиционирање + SMS нотификации. Цена: 512 МКД + 18% ДДВ

Начини на плаќање

Плаќањето може да го извршите со телефонски повик или со платежна картичка.

Ова е постапката за плаќање на Вашиот оглас со телефонски повик:

1. Повикајте го бројот и следете ги инструкциите на операторот. Можете да одговорите само со притискање на копчињата на телефонот.
2. Имате опција за избирање на јазикот (Притиснете "1" за Македонски јазик или "2" за Албански јазик)
3. Од Вас ќе биде побарано да го внесете бројот на огласот (не заборавајте да ставите # на крајот).
4. Операторот ќе го повтори бројот на огласот кој претходно сте го внеле. Потврдете го претходно внесениот број на огласот ако е точен со притискање "1" или, доколку погрешно го внесовте бројот на огласот, повторете ја постапката со притискање на "0".
5. Повикот ќе заврши кога ќе го потврдите плаќањето (со притискање "1").

Плаќањето можете да го извршите доколку сте корисник на услугите на еден од следните оператори: Македонски Телеком, Т-мобиле, Оне и ВИП.

ЗАБЕЛЕШКА: Секој повик започнува со воведна порака, за тоа колку изнесува цената на повикот. Во случај повикот да биде прекинат пред да го добиете сервисниот центар на Пазар3 за наплата на огласи или добиете сигнал на зафатена линија, Ве молиме обидете се повторно. НЕ се јавувајте повторно доколку повикот е прекинат или не може да ја завршите постапката до крај. Ве молиме контактирајте нè преку електронска пошта: support@pazar3.mk или јавете се на телефонскиот број: +389 (0) 47 454 072. Потребно е да не известите за следното: телефонски број од кој што сте го извршиле плаќањето и бројот на Вашиот оглас, за администраторите да можат да го одобрат Вашиот оглас.

Плаќањето мора да биде извршено во рок од 48 часа од добивањето на порака на електронската пошта со инструкциите за плаќање.

Огласите се проверуваат согласно правилата на Пазар3 за огласување и обично се објавуваат во рок од 1 до 2 часа од времето на плаќање. Огласите наплатени после полноќ, се објавуваат наредниот ден. Екстра опциите се активираат за 15 минути од моментот на плаќање.

Ова е постапката за плаќање на Вашиот оглас со платежна картичка:

Доколку сте го одбрале начинот на плаќање со платежна картичка, потребно е да ги пополнете полињата за број на платежна картичка, рок на важност и CVC2/CVV2 број (последни 3 бројки од задната страна на картичката). Следењето на безбедноста за трансакциите извршени со платежни картички, се прави од страна на системот на ХалкБанк АД, што ја користи последната верзија на SSL технологијата за заштита.

Плаќањата можат да се извршат преку MasterCard или Visa платежните картички што се користат за онлајн плаќања.

Најчести причини за прекинување на повик: може да бидат:

  • Користите телефон со екран на допир
  • Исклучена опција за тонско бирање
  • Користење на услуга за пренос на податоци преку оптички кабли
  • Погрешен или заборавен број на оглас
  • Исклучување на мобилниот
  • Заклучување на тастатурата

Ако добиете сигнал на зафатена линија

Некои претплатници имаат забрана за повици кон премиум (сервисни) броеви, при што добиваат сигнал на зафатена линија. Доколку и Вие сте еден од нив, потребно е да се јавите во Центарот за грижа на корисници на Операторот на кој припаѓате за да побарате деактивирање на забраната. Корисниците кои имаат забрана за бирање на броеви кои започнуваат со "0" не можат да извршат плаќање за оглас со телефонски повик.

Останати прашања во врска со плаќањето

Сте го извршиле плаќањето, но огласот сеуште не е објавен

  • Проверете дали се јавивте на точниот сервисен број. Сервисниот број за плаќањето зависи од категоријата на која припаѓа предметот што го огласувате. Точниот сервисен број, можете да го пронајдете во информациите за плаќање што ги добивате на Вашата електронска пошта.
  • Бидете сигурни дека сте ја избрале вистинската категорија во која го огласувате Вашиот предмет. Пазар3 има право да го одбие огласот или измени категоријата доколку огласувате во погрешна категорија.
  • Можеби погрешно го внесовте петоцифрениот број на оглас. Контактирајте го Центарот за грижа на корисници преку електронска пошта: support@pazar3.mk или јавете се на телефонскиот број: +389 (0) 47 454 072. Огласот ќе биде одобрен од страна на администраторите.
  • Кога ќе го извршите плаќањето, потребни се 1-2 часа додека администраторите го прегледаат огласот. Огласите кои ги прекршуваат Пазар3 Правилата за огласување , ќе бидат одбиени. Вие ќе имате можност за корекција на огласот кој потоа ќе биде повторно прегледан. Огласите што ќе бидат платени после полноќ, ќе бидат објавени наредниот ден.
  • Кога го пребарувате Вашиот оглас проверете го правописот, прочитајте ги исто така и Пазар3 Опциите за пребарување со цел да ги подобрите резултатите од пребарувањето. Забележете дека постарите огласи се прикажуваат најдолу на листата.
  • Плаќањето мора да биде извршено во рок од 48 часа по добивањето на информациите за плаќање, затоа што во спротивно, огласот нема да се објави. Доколку задоцните со плаќањето, контактирајте го Пазар3 Центарот за грижа на корисници преку електронска пошта: support@pazar3.mk или јавете се на телефонскиот број: +389 (0) 47 454 072. Огласот ќе биде одобрен од страна на администраторите.

Компензација

Пазар3 го надоместува трошокот на огласување само во случај на техничка или манипулативна грешка предизвикана од трета страна. Во други околности, враќањето на парите не е можно. Ако огласот Ви е одбиен поради тоа што ги прекршува правилата, можете да внесете нов бесплатно (враќањето на парите не е можно). Пазар3 го задржува правото да одлучи дали огласот ги прекршува Правилата за огласување.

Пазар3 не надоместува било каква настаната финансиска штета на продавачите или купувачите како резултат на нивното огласување на Пазар3.

Дополнително плаќање е потребно во следните случаи:

  • Доколку намерно или ненамерно сте избрале несоодветна категорија за Вашиот оглас чија цена е помала од цената на категоријата соодветна за Вашиот оглас.
  • Доколку намерно или ненамерно се јавите на друг телефонски број од оној кој Ви бил наведен.
Кон почеток