Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Братинг Доо

Build Your dream

Градењето е брз и ефикасен процес кога работите со професионален тим на експерти од областа на градежништвото. Тоа е еден од највозбудливите моменти во вашиот живот, но истовремено може да биде и предизвикувачко искуство. Во „Братинг Доо“, ние сме тука да го направиме секој чекор лесен и беспрекорен за вас. Првиот чекор во реализацијата на вашата идеја е создавање почетен дизајн со помош на искусен архитект, кој ќе биде основа за изработка на комплетна проектна документација.

„Братинг Доо“ – Скопје е основано во 2010 година како наследник на семејната фирма со богата историја, чија почеток датира уште од далечната 1983 година. Со долгогодишно работно искуство и стручност, нашиот раководен кадар нуди врвна поддршка и експертиза за секој проект, од идеја до реализација. Нашата богата референтна листа на изградени објекти е доказ за еснафско работење и доверливост.

Кога соработувате со „Братинг“, добивате тим кој ги разбира вашите потреби и нуди решенија кои се квалитетни и трајни. Нашата компанија не само што обезбедува градежни услуги, туку и гарантира професионален пристап и посветеност за успехот на секој проект. Дозволете ни да бидеме дел од вашата градежна приказна и да ви помогнеме да го постигнете најдоброто решение за вашиот нов објект.

Ul.6 br.24 - Stajkovci

Скопје, Скопjе

Огласи во продавницата

Сите 1-50 од 138
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации