Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Legis Konsalting

Легис Консалтинг - етика и култура во работата

Легис Консалтинг е консултантско друштво кое нуди советодавни услуги од областа на право, маркетинг, економија, финансии, информатичка технологија.
Ова консултантско друштво опстојува на пазарот повеќе од 10 години, а тоа е како резултат на професионалната услуга со врвен квалитет, по многу достапни цени.

Нивната примарна цел е градење на меѓусебна доверба и долготрајна соработка со клиентите. Се со цел да имаат што поголем број на задоволни клиенти, секогаш размислуваат стратегиски и се базираат на факти. За таа цел, Легис Консалтинг по потреба вклучуваат и соработуваат со други истакнати експерти од сродни дејности, кои дополнително се ангажираат, за заедно да успеат да ги завршат започнатите задачи, бидејќи тие сметаат дека сегашните клиенти се нивна најдобра реклама.

Услугите кои ги нудат Легис Консалтинг се:
- основање на фирми,
- административни услуги,
- маркетинг консалтинг,
- финансиски консалтинг,
- промени,
- стечај,
- ликвидација,
- статусни промени,
- оставински постапки,
- постапки за приватизација и легализација,
- жалби,
- тужби,
- надомест на нематеријална штета,
- подготвување на документи и доставување до институции,
- секаков вид на договори,
- преструктуирање, спојување и поделба на компании,
- општ правен консалтинг,
- инвестициски можности,
- заштита на трговска марка,
- авторско право и интелектуална сопственост,
- маркетинг план,
- бизнис план,
- онлајн бизнис стратегија.

Поделбата на компаниите е мошне сложен и некогаш долг процес, кој бара многу внимание, професионалност и време. Затоа токму тој процес ќе го претставиме во неколку подточки во продолжение:
- издвојување,
- основање,
- издвојување со преземање,
- длабинска правна анализа.

Тимот на Легис Консалтинг е составен од врвни и докажани професионалци, кои секогаш изнаоѓаат најповолни решенија за сите клиенти.

Нешто што мора да се напомене е тоа што Легис постојано имаат промоции и поволности на услугите кои ги нудат.
Овие и сите останати информации кои сакате да ги дознаете за Легис Консалтинг, може да ги најдете на нивната веб страна или во склоп на продавницата на Пазар3.

ул. Христо Татарчев бр. 47љ/5/8

Кисела Вода, Скопjе

Огласи во продавницата

Сите 1-1 од 1
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации