Për të krijuar shpallje, ju lutem zgjidhni dhe paguani planin që ju përshtatet. Ju gjithashtu mund të kontrolloni seksionin "Cilësimet e përdoruesit" për të ndryshuar mënyrën e pagesës.
Се продава единечна куќа во населба Лисиче, Аеродром на ул. Илија Димовски 6Б, КО Кисела Вода 2, КП 4956, ИЛ 49017. Куќата е градена со најквалитетни материјали, започната во јуни 2021г и е штотуку завршена и запишана во катастар на еден сопственик со чист имотен лист. Се наоѓа на почеток на населбата, на 500м од кулите Џевахир, а во непосредна близина има 2 градинки и 2 основни училишта. Од булеварот е оддалечена 60м во улица со тротоари широка 10м, во мирна средина без бучава. Куќата е една од ретките кои не се лепенка во населбата со прозори на сите 4 страни и е на плац од 300м2 со приземје и кат со вкупна внатрешна површина од 185м2 според имотниот лист. Габаритот е 115м2, а дворот е 185м2. Приземјето е целосно отворено со 96м2 со висина 3м, со остава и тоалет. Запишано е како стан но може и да се пренамени како деловен простор. Со преградување може да се добие четворособен стан. Можна е и изведба на внатрешни скали за поврзување со катот. Катот е четворособен стан од 89м2 со висина 2.85м со бања и тоалет + тераса од 10м2 и е со надворешни скали и посебен влез. Има отвор кон кровот во кој има висина 2.7м, 2 отвори за кровни прозори и отворен простор од 34м2. Армирано-бетонската конструкција е од највисока сеизмичка категорија за 9 степени со потврда од ИЗИИС. Конструкцијата е со темели 60*40, цокле 30*60, без внатрешни столбови и е со 8 столбови 30*40, греди 30*50 и 3 масивни плочи од 15цм. Вграден е 97м3 бетон со Хидрофоб флуид од АДИНГ во секоја позиција - адитив за хидроизолација и зголемена јакост. Бетонот е испитан од Институт и за секоја позиција има потврда за јакост. Вградено е 10500кг железо. Кровната конструкција е со развиена површина од 180м2 со 32 степени на 4 води и е со испуштени стреи од 120цм. Конструкцијата е од бирана граѓа со чамови греди 10*12, даски со дебелина од 3цм и идентична ширина од 15цм, летви и котралетви 3*5цм. Покриена е според дограмата за вентирирачки кров на ТОНДАХ со парапропусно-водонепропусна фолија, самолеплива алуминиумска фолија, држачи за летви и капаци, црни ќерамиди, вентилациони ќерамиди за тоалети и аспиратори, и заштитна решетка од птици. Има и оџак со ф250. Олуците се спроведени во атмосферката канализација. Ѕидаријата е со надворешен термо блок со 4 комори 16*25*33 и внатрешен термо блок со 3 комори 11*25*33 од НОВА СЛОГА. Има нова водоводна шахта со нов приклучок на главната водоводна линија. Има ново сандаче за струја со нов приклучок. Во куќата има вградено: Водовод и одвод со изолација, електрика од ГЕВИС со ТВ и интернет поврзување во секоја просторија, влезни блиндор врати КАЛЕ, пвц прозори ТРОКАЛ орев боја и четворосезонско стакло исполето со аргон, двојно пердашен машински малтер, кошулица со 3цм стиропор под неа, фасада со стиропор 10цм и акрилен водоотпорен обоен малтер, италијански плочки МАРАЦИ со хидроизолација од 3 слоја под нив, Има и водоотпорен ламинат 8мм со лајсни и тврдо-пресувана изолација 0.5мм кој не е вграден.
Web-faqja jonë përdor Cookies për të përmirësuar eksperiencën tuaj në shfletimin e faqes. Duke klikuar "Unë pajtohem" ose duke vazhduar me përdorimin e web-faqes, ju pajtoheni me përdorimin e Cookies. Nëse ju nuk pajtoheni, ju mund t'i ndryshoni parametrat e kërkimit në shfletuesin tuaj.