Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Сковин

Квалитетно сортно вино.


Винарија Сковин е место каде што ќе се запознаете со нашата широка палета на производи, но и да ги пренесите Вашите впечатоци за нашите вина и другите производи на Винаријата Сковин.
Во нашиот асортиман на производи може да пронајдете вина од бело и црвено грозје.
Плантажите на винаријата Сковин се наоѓаат низ благите ридски планини на Скопје. Лозовите насади на Винарија Сковин се познати по тоа што даваат едноставна арома на вината. Нашите плантажи се наоѓаат на поволна локација 400-600 надморска висина над Водно, влијанието на медитеранската клима од југ создава одлични услови за производство на вина од висок квалитет.

Производството на вината на Сковин - се изведува со најмодерна технологија со вакумско шмукување кое му помага сокот да се ишмука, а структурата на грозјето да остане не променета.
Во нашата винарија се наоѓаат најсовремени лабаратории за производство на квалитетно вино.
Цел асортиман на вино кое го поседуваме може да го вкусите во нашиот Винарски Подрум.
Винарскиот подрум Ви нуди единствена можност, за пријатни мигови со вашите најблиски.
Доколку сте лубители на добро вино, Ве очекуваме да го посетите нашиов Винарски Подрум, во кој во моментов зреаат највалитетни сортни вина од сортите: мерлот, шардоне, совињон и вранец, како и нашите вина од Македонското поднебје како што се вината Марков Манастир и Скупи куве.

Во нашиот асортиман на вина има повеќе видови од кои се издвојуваат следните :

- Сковин пенливо вино
- Марков Манастир вино
- Скупи Куве вино
- Кртошија
- Пино Ноар
- Санџовезе
- Шардоне барик
- Кале
- Роса Канина
- Темјаника

Доколку сте заинтересирани за нас и нашите вина кој ги нудиме Ве очекуваме за да уживате во дегустација на врвни и квалитетни вина кои ги нудиме во нашиот Винарски подрум.
Нашиот Винарски подрум се наоѓа на адреса : Адреса: 15-Корпус бр. 3, Автокоманда, Скопје

Ве очекуваме да не посетите и да уживате во посебната дегустација на квалитетно вино!

15-ти Корпус бр. 3

Гази Баба, Скопjе

Огласи во продавницата

Сите 0
Не се пронајдени огласи во продавницата.
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации