За да можете да креирате огласи, Ве молиме изберете и платете за претплатата која Ви одговара. Исто така можете да погледнете тука "Кориснички подесувања" и да го измените начинот на плаќање.
Со желба да создададеме квалитетни македонски производи, амбициозно тргнавме во остварување на идејата и реализација на крајната цел.
Со труд и напорна работа, со тим од технолози и проектанти, создадовме современ објект за преработка на месо и производство на месни производи. Индустријата за месни преработки `СОЛЕТА` - Скопје оставајќи ги сите предрасуди ,со организирано производство на површина од 2400 м², на 19 декември 1996г отпочна со работа.
Применувајќи современи методи и следејќи ги новитетите во областа на месопреработката, во текот на изминатите години , а и понатаму, перманентно инвестираме во најсовремена технологија и опрема. Следејќи ги европските и светски трендови како и барањата и очекувањата на купувачите, создадовме македонски производи со препознатлив вкус и врвен квалитет. Потврда за тоа беше знакот за квалитет `Со гордост од Македонија` кој две години по ред ги награди нашите производи за најдобар вкус и најдобро пакување.
Нашиот асортиман го сочинуваат 70-тина производи , кој континуирано се надоградува со нови производи , притоа задоволувајќи ги основните производни критериуми и стандарди. Целокупната палета на производи на `СОЛЕТА` се НАССР сертифицирани со сертификат валиден и конкурентен во земјите на ЕУ.
Производите на `СОЛЕТА` се застапени во нашите малопродажни објекти (дисконти), како и во сите поголеми и помали маркети на територијата на Р.Македонија како и надвор од границите на нашата држава. Повеќегодишното искуство, присуство и работење низ годините на промени и транзиција, во услови на неизвесно економско опкружување , беа и сеуште се мотив и стимул за поголемо докажување и исправеност пред времето и предизвиците! Препознатливи и никогаш незаборавени од купувачите некои ќе речат `Со Солета нема диета`, но поголемиот дел го препознаваат `Квалитетот кој не е случајност`.
Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.