Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Техноклима


ТЕХНОКЛИМА, своето постоење го бележи во 2000-тата година, меѓу една од првите фирми што сериозно и амбициозно го освојуваат пазарот со уреди и системи од областа на централната климатизација и вентилација.

Почетоците, скромни и сигурни, не случајно беа забележани од задоволните корисници на уредите и услугите, притоа трасирајќи го патот на квалитетот, навремените изведби и брзите сервисни интервенции.

Континуирано и систематски ги следи крупните чекори што ги прави современието во областа на климатизацијата и вентилацијата, притоа претставувајќи ги и применувајќи ги трендовите на европските и светските фирми кои секојдневно го освојуваат пазарот. Со имплементирањето на нивните производи во објекти кои што ги проектира и изведува, Техноклима може успешно да одговори на се посложените барања од страна на инвеститорите.

ВИЗИЈА:
Врвната технологија, знаење и искуство во областа на инженерството, продажбата и одржувањето на опремата за климатизација, вентилација, греење и ладење се нашите елементи за исполнување на барањата на клиентите.

Се стремиме се што работиме да биде најдобро при тоа задоволувајќи ги нашите човечки потенцијали да создадеме и да одржиме висок квалитет со постојано унапредување на тоа што го работиме.

Посветени сме на јакнење на окружување кое промовира:

Индивидуална креативност;
Тимско работење, меѓусебно почитување и доверба меѓу вработените;
Учење и постојано унапредување;
Подигнување на нивото на развиеност.

МИСИЈА:
Компанија што на пазарот ќе нуди високо квалитетни производи според светски стандарди. Притоа ќе бидат задоволени барањата на клиентите, со цел добивање на квалитетно и ефикасно решение од областа на климатизација (ладење и греење) и вентилација, а на сето тоа нашата компанија ќе профитира заедно со нашите клиенти.

ЦЕЛ:
Да ги задоволиме потребите на нашите клиенти со меѓусебна самодоверба и соработка.

Подобрување на квалитетот на услугите и обезбедување на производи со висок квалитет и стандард.

ул.Титово Митровачка, бр.27

Куманово

Огласи во продавницата

Сите 1-1 од 1
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации