Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

TURBOMAKS DOO

Возете безбедно – заштедете пари

Турбомакс е изложбен салон и сервис за пневматици и фелни, лоциран во Скопје. Историјата на Турбомакс започнува од 2006 година, со еден мал изложбен салон во Бардовци, но благодарение на нивната професионалност, услуга, квалитет, како и поволните цени, го отвораат и нивниот салон кој се наоѓа на сегашната локација.

Нудат најголем избор на фелни и гуми со врвен квалитет, по најповолни цени, брз и професионален кадар, поправка и дијамантска обработка на фелни, сензори, монтажа, балансирање и многу други услуги со помош на најмодерни машини. Исто така во Турбомакс постои можност за Вашите вонсезонски пневматици да ги оставите на чување, каде што добивате чување на безбедно место, заштита од сончева светлина, хемикалии и влага, заштедувате простор, не кревате тешки и нечисти пневматици.

Од 2018 година се официјални застапници на Altenzo низ цела Македонија. Покрај Altenzo и Tracmax, располагаат и со многу други брендови: Michelin, Continental, Bridgestone, Dayton, General, Pirelli, Goodyear, Dunlop.
Располагаат со голем избор на пневматици и тоа:
- летни,
- зимски,
- all season и
- runflat пневматици.
Сите пневматици кои ги имаат се од средна и висока класа, во сите димензии.
Исто така нудат и осигурување на новите пневматици, при случај на штета.

Нивната достапност на алуминиумски бандажи/фелни е огромна, како нови така и поволни. Сите димензии може да ги најдете кај нив од 14ки до 22ки.
à 5x112, 5x100, 5x114.3, 4x100, 4x108, 5x108, 4x98, 5x110, 6x139, 5x105, 5x127, 5x98, 5x120
à14”, 15”, 16”, 17”. 18”, 19”, 20”, 21”, 22”

Турбомакс не е само место за гуми и бандажи, туку имаат и секаков вид на додатоци за сите типови на автомобили. Дел од додатоците ќе ги наведеме во продолжение, а за останатите ќе мора да го посетите нивниот салон.
Нудат најголем избор на:
- завртки, кои овозможуваат тркалата да се добро прицврстени,
- централни прстени за фелни, од сите типови имаат на залиха, а исто така изработуваат и по нарачка,
- дистанцери, кои служат за проширување на траклото,
- Feral производи за нега на Вашиот автомобил,
- имаат и понуда на сијалици, брисачи, патосници, ланци за снег и сл.

Љубезниот тим на Турбомакс Ве очекува да ги исконтактирате за да Ви формираат понуда. За тоа може да им се обратите на [email protected] или +389 (02) 20 30 100.
Како и да ги посетите во нивниот салон секој работен ден од 09:00 – 17:00, а во сабота од 09:00 – 16:00.

ул. Скупи бр. 24

Карпош, Скопjе

Огласи во продавницата

Сите 1-11 од 11
Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации