Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Пазар3 Разговор

Пазар3 овозможува директна комуникација помеѓу продавачите и купувачите.

Предности од користењето на Пазар3 Разговор

  • Опцијата Пазар3 Разговор е едноставна за користење. Не е потребно симнување на софтвер или инсталирање.
  • Пазар3 Разговор услугата е 100% бесплатна.
  • Нема потреба да чекате огласувачот да одговори на Вашата елетронска пошта. Онлајн огласувачот ќе Ви одгoвори веднаш.
  • Истиот разговор ќе биде испратен на Вашата електронска пошта. Листата на контакти ќе биде зачувана и достапна при следното логирање.

Додека огласувачот е онлајн, посетителот може да го контактира огласувачот. Од моментот кога огласувачот ќе ја напушти веб страницата, автоматски се одјавува и нема да ги добие пораките од посетителот.

Опцијата Разговор се состои од два дела:
- Последно контактирани (последни огласи за кои сте разговарале)
- Онлајн огласи (сите огласувачи што се онлајн)

Доколку сте физичко лице

Секое физичко лице што има оглас на Пазар3, може да се логира и да биде достапен за посетителите. Кога разговорот ќе заврши, на Вашата електронска пошта ќе добиете копија од истиот разговор. Кога ќе ја напуштите веб страницата, ќе бидете недостапни и нема да добивате пораки од посетителите.

Како да се логирате доколку сте физичко лице:
1. Пронајдете го Вашиот оглас и кликнете на: “Пазар3 разговор“.
2. Внесете ја лозинката што ја имавте внесено при регистрација на Вашиот оглас.

Откако ќе ги завршите овие чекори, веќе сте онлајн и посетителите што се заинтересирани за огласот, ќе можат да Ве контактираат. Кога разговорот ќе заврши, на Вашата електронска пошта ќе добиете копија од истиот.

Доколку сте сопственик на продавница

Со поврзување кон Вашата продавница, сите огласи стануваат достапни за разговор. Секој разговор ќе биде пратен на Вашата електронска пошта.

Придобивки од користење на опцијата “Пазар3 разговор“ за сопствениците на продавници:

  • Активирање на сите огласи одеднаш - Со поврзувањето најмалку кон еден оглас сите Ваши огласи стануваат онлајн.
  • Постои опција за недостапност на еден или повеќе огласи со кликнување на полето „офлајн“.

Упатство за поврзување ако сте сопственик на продавница:
1. Пронајдете барем еден од огласите на листата со огласи кој е во Вашата продавница и внесете корисничко име и лозинка
2. Или, поврзете се кон Вашата продавница со корисничкото име и лозинка.

После овие чекори, сите Ваши огласи стануваат достапни и посетителите може да Ве контактираат.

Важно: За да се користи Пазар Разговор, потребно е при регистрација на оглас, да го пополните и полето за електронска пошта.

Ако сте посетител (заинтересиран купувач)

1. Кликнете на опцијата за разговор што се наоѓа долу десно на страната за пребарување.
2. Потребно е само да се поврзете со Вашето корисничко име или електронска пошта. Користејќи ја технологијата на следење, секогаш кога сте на Вашиот компјутер автоматски ќе биде запаметено корисничкото име или електронска пошта. Доколку го промените компјутерот потребно е да се поврзете со повторно внeсување на корисничкото име или електронска пошта.
3. На листата со огласи, десно до насловот на огласот, постои знак што покажува дали огласувачот е достапен. Доколку огласувачот е онлајн, можете веднаш да започнете со разговор.

Забелешка: Проверете дали сте одјавени кога го исклучувате компјутерот. Други лица може да го злоупотребат Вашиот профил.

Користејќи го Пазар3 Разговор - НЕ Е ДОЗВОЛЕНО:

  • Праќање спам пораки
  • Ширење на било каква форма на етничка, верска и расна омраза како и омраза врз основа на политичка или сексуална ориентација
  • Упатување на закани, навреда на корисниците и употреба на вулгарни зборови
  • Промовирање на веб страници или бизниси забранети со Пазар3 правилата за огласување
  • Праќање на пораки за илегални активности, насилства, продажба на опојни средства
  • Кршење на законите и прописите на Република Македонија

Одговорноста за секоја доверлива информација во разговорот ја сносат самите корисници.

На корисниците кои ќе ги прекршат овие Правила, веднаш ќе им се забрани користењето на оваа услуга.

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации