Објавени: дек. 25 2021 11:42

Nova kuka 185m2 so plac 300m2 vo nasleba Lisice Aerodrom

Објавени: дек. 25 11:42
Прегледи: 49
Се продава единечна куќа во населба Лисиче, Аеродром на ул. Илија Димовски 6Б, КО Кисела Вода 2, КП 4956, ИЛ 49017. Куќата е градена со најквалитетни материјали, започната во јуни 2021г и е штотуку завршена и запишана во катастар на еден сопственик со чист имотен лист.
Се наоѓа на почеток на населбата, на 500м од кулите Џевахир, а во непосредна близина има 2 градинки и 2 основни училишта. Од булеварот е оддалечена 60м во улица со тротоари широка 10м, во мирна средина без бучава.
Куќата е една од ретките кои не се лепенка во населбата со прозори на сите 4 страни и е на плац од 300м2 со приземје и кат со вкупна внатрешна површина од 185м2 според имотниот лист. Габаритот е 115м2, а дворот е 185м2.
Приземјето е целосно отворено со 96м2 со висина 3м, со остава и тоалет. Запишано е како стан но може и да се пренамени како деловен простор. Со преградување може да се добие четворособен стан. Можна е и изведба на внатрешни скали за поврзување со катот.
Катот е четворособен стан од 89м2 со висина 2.85м со бања и тоалет + тераса од 10м2 и е со надворешни скали и посебен влез. Има отвор кон кровот во кој има висина 2.7м, 2 отвори за кровни прозори и отворен простор од 34м2.
Армирано-бетонската конструкција е од највисока сеизмичка категорија за 9 степени со потврда од ИЗИИС. Конструкцијата е со темели 60*40, цокле 30*60, без внатрешни столбови и е со 8 столбови 30*40, греди 30*50 и 3 масивни плочи од 15цм. Вграден е 97м3 бетон со Хидрофоб флуид од АДИНГ во секоја позиција - адитив за хидроизолација и зголемена јакост. Бетонот е испитан од Институт и за секоја позиција има потврда за јакост. Вградено е 10500кг железо.
Кровната конструкција е со развиена површина од 180м2 со 32 степени на 4 води и е со испуштени стреи од 120цм. Конструкцијата е од бирана граѓа со чамови греди 10*12, даски со дебелина од 3цм и идентична ширина од 15цм, летви и котралетви 3*5цм. Покриена е според дограмата за вентирирачки кров на ТОНДАХ со парапропусно-водонепропусна фолија, самолеплива алуминиумска фолија, држачи за летви и капаци, црни ќерамиди, вентилациони ќерамиди за тоалети и аспиратори, и заштитна решетка од птици. Има и оџак со ф250. Олуците се спроведени во атмосферката канализација.
Ѕидаријата е со надворешен термо блок со 4 комори 16*25*33 и внатрешен термо блок со 3 комори 11*25*33 од НОВА СЛОГА.
Има нова водоводна шахта со нов приклучок на главната водоводна линија.
Има ново сандаче за струја со нов приклучок.
Во куќата има вградено:
Водовод и одвод со изолација,
електрика од ГЕВИС со ТВ и интернет поврзување во секоја просторија,
влезни блиндор врати КАЛЕ,
пвц прозори ТРОКАЛ орев боја и четворосезонско стакло исполето со аргон,
двојно пердашен машински малтер,
кошулица со 3цм стиропор под неа,
фасада со стиропор 10цм и акрилен водоотпорен обоен малтер,
италијански плочки МАРАЦИ со хидроизолација од 3 слоја под нив,
Има и водоотпорен ламинат 8мм со лајсни и тврдо-пресувана изолација 0.5мм кој не е вграден.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
49
070820276

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации