Мал автомобил
Седан
Хачбек
Караван
Купе
Кабриолет
SUV/Теренско
Миниван

Откуп на камп приколки и кампинг возила за секој кампер по најдобри цени на пазарот!






Оваа категорија е наменета за откуп на камп приколки, па доколку сте кампер, тука ќе можете да најдете разни модели на камп приколки во нова или половна состојба кои ќе можете да ги искористите за кампинг во странство или за кампување во македонија!



Нашата понуда е навистина богата, и изобилува со фантастичен избор на модели на камп приколка, што значи дека со само еден клик, вие ќе можете да направите откуп на камп приколки, па вашата авантура може да започне уште веднаш!








Зошто откуп на камп приколки е навистина добар избор за вас и вашите потреби?



Постојат навистина многубројни причини поради кои би требало да започнете да размислувате за откуп на камп приколки, а ние ќе се обидеме да Ви ги понудиме само оние најважните.



Авантура - ако имате немирен авантуристички дух, односно ако сте кампер кој што не сака да стои во место, тогаш користењето на сопствена камп приколка може да го збогати вашето искуство навистина многу!



Уживањето во кампинг со вашите најблиски или пак при вашето соло патување е навистина уникатно искуство кое вреди да се проба, без разлика дали ќе одберете кампување во странство или пак кампување во македонија.



Економичност - кампување значи и помала потрошувачка во споредба со користење на капацитетите на хотелите или понудата од страна на агенциите за патување.



Тоа значи дека со откуп на камп приколки, вие ќе можете да се сместите во свој смештај, а притоа заштедата на средства ќе ја осетите уште од самиот момент.



Прекрасен поглед и будење во природа - за да ги наполните батериите после макотрпната и истрошувачка работна година, со кампување и откуп на камп приколки, вие ќе можете да внесете свежина во вашиот живот.



Со вашата камп приколка нема да постои ниту едно место на кое што ќе не можете да бидете сместени, а со оглед на фактот дека постојат навистина многу кампинг места и и авто кампови како: avto kamp gradiste, avto kamp krani, avto kamp elesec ohrid, вие ќе можете да ги уживате убавините на природата при кампување во македонија.



Безбедност - во споредба со камп шатори или шатори за кампување, откуп на камп приколки значи и поголема безбедност во поглед на приватност и на заштита од надворешни фактори.



Имено, вашата камп приколка ќе Ве заштити од дожд, сонце, снег, песок, прашина и слично, и истата ќе можете да ја користите и во екстремно високи и ниски температури, што не е случај со користењето на камп шатори, кои не ви нудат толкава заштита, како онаа на камп приколки.




На што треба да внимавате при откуп на приколки?



Самиот откуп на приколки знае да биде и многу комплициран доколку ги немате потребните совети кои ќе Ви овозможат да одберете камп приколка која ќе Ви гарантира сигурно уживање, и за која нема да се каете!



Пазар3 Ви излегува во пресрет бидејќи Вие не мора да бидете во таква ситуација, нудејќи Ви неколку совети за кои сметаме дека ќе Ви помогнат во пракса доколку ги употребите.



Големина - постојат камп приколки во различни големини, некои се компактни и можат да бидат користени од неколку кампери, а постојат и навистина големи кои можат да сместат повеќе луѓе наеднаш.



Наш совет е да се ориентирате кон откуп на камп приколки според пропишаната носивост на на вашето возило и според тоа колку луѓе планирате да сместите во самата камп приколка.



Оштетувања - секогаш имајте на ум дека при откуп на камп приколки една од најважните работи е да детектирате дали истите се оштетени, и ако се, дали оштетувањето е големо.



Затоа, стремете се кон купување на камп приколки кои се добро сочувани доколку се разбира, тоа го правите во половна состојба.



Ентериер - анализирајте дали ентериерот на потенцијалната камп приколка што планирате да ја купите изгледа убаво, дали просторот е убаво испланиран, дали креветите изгледаат комфорно/ се сочувани и разгледајте ги капацитетите на електроника.



Тоа подразбира дали штекерите се во исправна состојба, дали светлата работат, каква се електроника има или може да користите во самата камп приколка.



Суспензија, кочници, гуми - за крај, Ве советуваме за време на откуп на камп приколки да ги имате и овие работи на ум, бидејќи една од најглавните работи е токму безбедноста за Вас и за учесниците во сообраќајот.



Какви видови на кампинг возила постојат?



Освен откуп на камп приколки, на Пазар3 ќе можете да купите и кампинг возилa, а она што треба да го знаете токму какви видови постојат, кои се предностите кои ги нудат и слично.



Имено, постојат многубројни видови на кампинг возила:



Шаторски трејлери - ова се најчесто трејлери кои доаѓаат со вграден шатор или пак со одделен шатор за кампување и тие се најчесто компактни, лесни и идеални за неколку кампери.



Кампинг трејлери - овие се поголеми од шаторските трејлери, и истите можат да бидат транспортирани и прикачени на вашите возила на лесен начин. Нивниот ентериер е најчесто мал и се состои од мала кујна, кревет, маса, фрижидер и сл.



Кампинг комбиња - овие се познати и како "motorhomes" и тие се идеални за кампување без да бидете лимитирани за местото, што значи мобилноста ќе биде ваша предност.



Исто така, тие се делат на неколку подргрупи - Class A Motorhomes, Class B Motorhomes, Class C Motorhomes.



Кампинг возила на 5 тркала - како што кажува и самиот збор, овие возила за кампување се карактеристични по нивните 5 тркала и големина, односно просторот кој што може да смести дури 9 кампери во исто време.



За крај, Ве охрабруваме да започнете со пребарување или со регистрирање на огласи за откуп на камп приколки и кампинг возила уште веднаш, а ние ќе се погрижиме тие да бидат видени со цел вашето кампување во македонија и странство да биде безбедно и проследено со убави мигови.






Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации