Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

6 совети за уредување на стан 

 

Уредувањето на домот, односно станот или куќата, знае да биде многу комплицирана и стресна задача, посебно кога е ограничен буџетот, па треба да се внимава на секој, па и на најмалиот трошок. Во зависност од тоа дали уредувањето на домот започнува од нула или само сакате да го освежите станот или куќата во поголема мера, потребен Ви е различен буџет за овие две работи. Дали станува збор за темелно реновирање на домот или само за негово освежување и адаптација, сигурно е дека со неколку трикови може да заштедите.

Направивме истражување наместо Вас и дојдовме до одлични совети за поволно уредување на домот, кои ќе Ви ги претставиме во продолжение на текстот. 

 

Детално испланирајте го уредувањето на домот 

Често се случува, додека планирате да заштедите во текот на реновирање и уредување на домот, да си поставите и премногу големи цели, а истовремено и премал буџет. Затоа Ве советуваме, пред да го дефинирате буџетот за уредување на станот, добро да ги истражите цените за молерисување, мебел, столарија, бела техника, како и сите останати елементи кои сакате да ги промените во станот или куќата. Информациите за цените на услугите и предметите за уредување на домот на пазарот, не само што ќе Ви помогнат да го дефинирате буџетот, туку и ќе Ви го олеснат и самото планирање. Ќе добиете јасна визија за она што можете, а она што не можете да го реализирате од самиот старт, и уредувањето на домот да го започнете со реални очекувања. Направете си јасен план, што е она што сакате да направите со домот и опремувањето на куќата или станот во Скопје, Битола, Ресен, Гостивар или во кој било друг град и впуштете се со јасна визија. Иако буџетот кој го испланиравте најверојатно е по минимални цени кои ги најдовте на пазарот, сепак оставете и простор за додатни трошоци кои ќе излезат во текот на процесот. 

 

Обично молерисување прави голема промена 

Доколку темелното реновирање не е неопходно, обично молерисување е одличен начин да го озвежите Вашиот дом, а воедно и да заштедите. Дали ќе ја премачкате бојата или ќе ја смените – ова е одличен начин да го започнете уредувањето на станот. Пронајдете добар молер или сами превземете ја оваа работа. Потребни Ви се само: боја, четки, ваљак, најлони и екипа која ќе помогне доколку сепак одлучите да ја завршите оваа работа сами.  Советите за уредување на домот во однос на молерисување, не завршуваат тука. 

Кујнска опремнина, столови, радијатори... Списокот на работи кои ги имате дома и кои може да ги префарбате е голем. Ова е одличен совет за поволно уредување на домот, затоа што цената на молерисување или освежување е многу пониска одколку купување на нов мебел. 

 

Определете се на квалитетен мебел 

Мебелот со кој сакате да го уредите станот или куќата не треба да биде најефтин, туку најквалитетен. Верувале или не – ова е најповолно решение за уредување на домот, иако можеби оваа алтернатива Ви се чини најскапа. Квалитетен мебел трае многу подолго, од оној не многу квалитетниот, а воопшто не мора да биде најскап. Затоа потрудете се да најдете што поповолен, но и со најголем квалитет. Секако, табуретките кои ќе ги користите за на нив да ги испружите нозете не мора да се толку квалитетни, но креветот на кој ќе спиете секој вечер, и тоа како треба да биде квалитетен, и треба да го заслужи Вашето внимание при одбирање. 

 

Тапацирајте ја старата гарнитура 

Освен купување на нов и квалитетен мебел и гарнитура, работите кои ги имате исто така може да ги направите повторно да се употребливи и убави, посебно доколку и самите се квалитетни и долговечни. Изгребана, одрабена и валкана гарнитура ќе изгледа многу поразлично после обично тапацирање. 

 

Доколку можете сами, направете го 

Без претерување, но листата со работи кои може сами да ги направите дома е бесконечна. Секако дека никој од Вас не очекува магично да влезете во филм и да го опремите домот по методот на „направи сам“, но за по нешто секако дека имате време и сосема доволно сте способни.  Не би верувале колку е, на пример, едноставно сами да направите полица за книги. Не само што е лесно, туку пред Вас имате и голем број на упатства за поставување на полици, како и други делови од мебел. Со едноставно пребарување на интернет, брзо ќе најдете инспирација и упатства, а заштедата при реновирање на домот со користење на овие техники е неверојатна. 

 

Поволно уредување на домот со мешање на материјали 

Истото правило кои Ви го дадовме во врска со мебелот, важи и кога се во прашање материјалите на елементите во Вашиот дом. Што поквалитетно – тоа подобро. Што може да се поправи и освежи – поправете го и освежете го.  Но, ако е неопходно да менувате паркет, плочки и останати материјали во домот – направете го тоа паметно. Квалитетниот паркет искористете го за во дневната или спалната, а слободно за во шпајзот или за во ходникот може да искористите паркет со послаб квалитет. 

 

Со примената на овие совети, ќе добиете поволно, но не и помалку квалитетно уреден дом. Не заборавајте да се држите до границите на буџетот и добро да се инспирирате, бидејќи ова е најпрвин креативен, па потоа комплициран процес. 

Кон почеток