Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Автентични производи во Македонија, еве по што не препознаваат

 

Некои производи во Македонија претставуваат прва асоцијација кога ќе се спомене нашата земја, особено кога на странците кои биле кај нас ќе му споменете ракија, ајвар, охридска пастрмка, ѓомлезе, турли тава... Најголем дел од работите кои се специфични за Македонија спаѓаат во храна и пијалоци, така што не е чудно луѓето кои доаѓаат тука да си заминуват презадоволни од работите кои ги пробале. Не е тајна дека покрај големиот број на ресторани за интернационална кујна, најголем интерес има за рестораните кои служат специјалитети специфични за македонската кујна, а за преголемиот број на луѓе кои ги посетуваат „виновни“ се оргиналните вкусови од Македонија, за кои ќе Ви пишуваме следно.

 

#1 Ракија - македонскиот бренд кој сите го обожаваат

Вкусовите се различни, но едно се знае, ракијата е неизбежен дел на сите македонски прослави и трпези. Нема куќа во Македонија која нема да Ви понуди барем по една чашка „љута“, а ни угостителските објекти не ја занемаруваат во понудата. Додека ги листате мениата за пијалоци во кафичите и рестораните, секогаш ќе наидете на делот со ракии, кои ги има во повеќе вкусови, сите специфични за одредени делови во Македонија. Најпозната е комовица, додека рамо до рамо со неа стојат и сливовица, гроздовица, медовица, вишновка и многу други. Она што е битно е дека ракијата задоволува различни вкусови, но исто така ракијата се разликува и по нејзината јачина. Доволна причина за доаѓање во Македонија е да наздравите со една чашка квалитетна ракија по Ваш вкус, а не заборавајте и да спакувате едно шише, што е оригинален поклон од нашата земја, за Вашите пријатели, роднини или работни партнери.

 

#2 Ајвар - македонскиот кавијар

Пиперката е омилениот зеленчук во Македонија, бидејќи со него може да се подготвуваат различни јадења од кои најпопуларниот е ајварот, за кој често може да слушнете. Неизоставен дел е од сечија трпеза во зимскиот период, па најладните денови се незамисливи без тегла вкусен ајвар. Не е мал бројот на оние кои доаѓаат во Македонија, кога се враќаат во нивниот роден град со себе да понесат и тегла ајвар за поклон на драги личности или за себе, кои велат дека сакаат да го продолжат уште некое време македонскиот вкус и да го пренесат и во своите домови.

 

#3 Охридска пастрмка - бисерот од Охридското езеро

Отсекогаш живее во Охридското езеро кои е прво по големина од трите природни езера во Македонија. Денот го поминува во длабочините и на што поодалечени места од брегот, а на брегот доаѓа само кога лови, а за жал тогаш најчесто ја ловат и нејзе. Мајсторијата за спремање на охридската пастрмка ја имаат самите охриѓани, за што секогаш треба да сте подготвени да платите повеќе дококу сакате да ја пробате, бидејќи одзема многу време и труд додека стигне за јадење во Вашата чинија.

 

#4 Ѓомлезе - симбол на кулинарството во Македонија

Ѓомлезе, ѓомлезец, тури - потпечи или кашаник, македонското традиционално јадење, специфично за сите краеви во Македонија. Зборот доаѓа од турскиот збор gozleme што значи обланда. Ѓомлезето се подготвува, меси и пече 5 часа. Претствавува вид ориентално јадење направено од кори од пченкарно или пченично брашно, печено под сач или вршник.

 

#5 Турли тава

Турли тава, како специјалитет се подготвува во земјени тави. Се подготвува од јагнешка, свинска или јунешка удина, кромид, моркови, боранија, бамја, компир, домат. Најчесто како додаток се служи со запечени лебчиња и жолта ракија.

 

Во Македонија од секогаш храната била на прво место, а за тоа потврдуваат и наведените симболи во кујната. Иако можеби многу специјалитети од македонската кујна сега, датираат многу одамна, но македонските кулинари му дале таков печат за да никој не може да ни оспори дека тоа се наши традиционални јадења. Кога ќе заврши Вашата посета во Македонија, не заборавајте да понесете тегла ајвар и шише ракија, за да им презентирaте на Вашите блиски и Вие уште малку да поуживате во вкусот од Македонија, додека ги разгледувате фотографиите од Вашето патување.

Кон почеток