Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Дали климата во Македонија е поволна за земјоделско производство?

Дали климата во Македонија е поволна за земјоделско производство?

 

Многу големо влијание и важност за развој на земјоделството во една област покрај квалитетот на земјиштето има и климата. Просечната температура и врнежите се еден од основните фактори за културата соодветно да се развива и произведува посакувани приноси.

Прочитајте за климата во Македонија и дали е поволна за земјоделството

 

Во средишниот дел на нашата држава (средно Повардарие), владее умерено-контиентална клима со сосема слаби медитерански влијанија.

Останатите пониски котлински подрачја на нашата татковина (Пелагонија, Полошка, Дебарска, Кумановска, Делчевска Котлина), се одикуваат со типична умерено-континентална клима, со студени зими и многу топли лета.

Во јужните делови, околу Гевгелија, Валандово, Дојран, до Демиркаписката Клисура преовладува изменета средоземноморска (медитеранска) клима, со благи и врнежливи зими и топли, суви лета.

Интересна е локалната клима во Охридската и Преспанската котлина. Иако се релативно високи (700-900 m), тука зимите не се многу студени а летата се свежи (до 35°С).

 

Дали климата во Македонија е поволна за развој на земјоделството?

Македонија има многу поволни природни услови (земја и клима) за разновидно земјоделско производство што потврдуваат и многу искусни производители, експерти и научници, како и светски признати селекции на бројни растителни култури.

Најмногу се призведуваат градинарски култури (компир, грав, домати, пипер, кромид и др.), потоа индустриски култури (шеќерна репка, тутун, сончоглед и др.), производство на овошје (јаболка, цреши, сливи, праски, грозје и др), житни култури и друго.

Поволните природни и климатски услови значително го зголемуваат земјоделскиот развој и приносите на земјиштето под различни растителни култури.

На најголема површина се одгледуваат житните култури. Пелагонискиот и Југоисточниот дел се засеани и со индустриски култури, а Полошкиот, Југозападниот и Југоисточниот регион со фуражни растенија. Во Југоисточниот и Скопскиот регион најмногу успеваат и градинарските култури. Во Вардарскиот и Пелагонискиот успеваат речиси сите земјоделски производи.

 

Климатските промени влијаат врз земјоделството

Уште пред да се соочат со научни сознанија за климатските промени, земјоделците се прилагодиле на времето на различни начини и успеале да се справат со сите непредвидени околности. Некои начини да се промовира земјоделското производство кога климатските услови се несоодветни се наводнување, како и употреба на поотпорни семиња и одредени агротехнички мерки. Бројни експерти се согласуваат дека наводнувањето е вистинското решение.

 

Како земјоделството влијае врз климатските промени

Јасно е дека земјоделството за разлика од другите гранки повеќе ги издржува климатските промени.

Затоа на земјоделството му предстои процес на прилагодување кон промената на климатските услови.

Јасно е дека климата во целина има исклучително големо влијание врз земјоделството.

 

На платформата за огласи на Пазар3 можете да најдете огласи за сите типови услуги, работа и машини во земјоделството, како и бројни други огласи во различни области, само со неколку клика можете да пребарувате брзо и лесно.

Кон почеток