Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Домашна нега или старечки дом – разлики, предности и недостатоци

 

Голем број на постари луѓе во одреден момент од својот живот доаѓаат во состојба кога веќе не можат да се грижат за себе самостојно и кога им е потребна помош од друго лице. Во повеќето семејства прво што доаѓа на памет е дека еден од членовите на семејството може да се грижи за него.

Меѓутоа, многумина сфаќаат дека тоа е невозможно на долг рок, без разлика што постоела добра волја, пред сè заради премногу работни обврски што секој ги има на работа, околу деца или други дневни активности што не оставаат доволно време за целосна грижа за болните стари лица.

Тогаш луѓето сфаќаат дека треба да донесат одлука што ќе биде најдобра за нив, како и за постарите лица, и обично дилемата се сведува на тоа дали е подобро да се одлучите за домашна нега или да изберете старечки дом.

Подолу, Ви претставуваме некои од основните предности и недостатоци на двете алтернативи.

 

Старечки дом или домашна нега - Како да донесете најдобра одлука

 

На прашањето: Што е подобро домашна нега или старечки дом?, тешко е да се даде одговор што ќе биде најдобро решение за секого. Секое семејство треба внимателно да размисли и да донесе одлука што ќе биде најдобра за сите.

Важна улога во процесот на донесување одлуки има и лекарот, кој може да Ви помогне да одлучите правилно врз основа на тоа колкаво ниво на грижа е потребно.

Честопати се случува решението за кое сметате дека е најдобро сега, не е вистинскиот избор на долг рок и затоа е многу важно да гледате на подолг рок и само експерт може да Ви помогне за текот и развојот на специфичните состојби.

Исто така, при донесување на правилна одлука, многу е важно да се земе предвид колку е независна постарата личност, односно колку е здрава и активна. Во зависност од тоа дали личноста има хронично заболување, проблем со деменција или други проблеми од психичка природа, или потребна е само помош при извршување на секојдневните работи, може да се донесе правилна одлука.

 

Домашна нега и помош - чување на стари лица дома

 

Домашната нега на стари лица вклучува ангажирање на професионалци за грижа и помош во домот, како и извршување на сите задачи и должности надвор од домот, работи што постарите лица не можат сами да ги завршат, како што се плаќање на сметки или купување на намирници и лекови.

Грижата за стари лица дома им овозможува на постарите членови да продолжат да живеат во својот дом независно од другите.

Овој вид на услуги вклучува услуги што можат да траат неколку часови на ден по потреба, дежурство од 24 часа на ден или нега два пати дневно, наутро и навечер.

Домашната нега на стари лица е најдобрата опција за сите оние лица на кои им е потребна минимална помош при вршење на дневните активности или само во одредени делови од денот кога другите членови на семејството се зафатени.

 

Придобивки од домашна нега

 

Негата на стари лица дома обезбедува поголема посветеност отколку што може да се очекува во старечки дом, со оглед на тоа дека овде има само една личност за домашна нега, за разлика од старечки дом каде има многу луѓе на кои им треба посветеност и помош.

Домашната нега за стари лица е исто така погодна затоа што постарите лица се опкружени со своето семејство и пријатели што може многу да го подобри нивното закрепнување.

Освен тоа, кога една стара личност е во својот дом, го има чувството на независност и контрола над сопствениот живот.

Исто така, чувањето на стари лица дома го олеснува животот и на другите членови на семејството, затоа што драга личност е секогаш наоколу, и знаат дека таа е безбедна во својот дом.

 

Недостатоци на домашната нега

 

Негативните аспекти на негата на болните лица во домот има важна улога во одлучувањето што е подобро. Поточно, тешко болните лица бараат постојан и стручен медицински надзор, кои лицата кои се занимаваат со грижа на старите лица дома не се во состојба да ги понудат.

Покрај тоа, чувањето на старите лица дома често пати вклучува престој на негувателката само неколку часа на ден во домот на оној што има потреба, така што чувството на осаменост може да има бројни негативни последици на здравјето на старите луѓе.

 

Старечки дом - кога е потребно да сместите некој близок во старечки дом

 

Колку и да е тешко, да се донесе одлука да се смести постар член од Вашето семејство во старечки дом, понекогаш е неизбежна ситуација. Ако постарите страдаат од сериозни болести што бараат постојана грижа, тогаш старечкиот дом е вистинскиот избор.

Се разбира, исто така е важно да размислите внимателно за тоа кој дом за стари лица е најдобро да го изберете, и да е во близина за да можете да ја посетувате личноста колку што е можно почесто. Сепак, она што е најважно е дека, ако постарата личност е свесна, никогаш не треба да донесете одлука без нејзина согласност.

 

Придобивки од старечкиот дом

 

Главните предности на старечкиот дом се дека во овие институции постарата личност добива 24-часовна нега, седум дена во неделата со постојан надзор од медицински персонал. Ова е исто така главната разлика помеѓу старечките домови и домашната нега.

Исто така, постојат посебни одделенија во старечките домови кои се посветени на пациенти со специфична дијагноза, па ако Вашата сакана постара личност има деменција, Алцхајмерова болест, Паркинсон или друга сериозна болест, во домот постои специјално квалификуван медицински персонал за лица со сериозни здравствени проблеми.

Како по правило, старечките домови имаат и професионални терапевти, физиотерапевти и психолози кои се достапни во секое време.

 

Недостатоци на домовите за стари лица

 

Една од причините зошто луѓето избегнуваат сместување на стари лица во старечки дом е тоа што не живеат со своите драги луѓе во свој дом и живеат во непозната средина.

Домот за стари лица обично не е погоден за оние кои сакаат контрола над сопствениот живот, пред сè, затоа што местата како ова обично не обезбедуваат доволен степен на независност, како што е вашиот сопствен дом. Покрај тоа, повеќето простории во старечките домови мора да се споделуваат со други луѓе.

Покрај тоа, кога станува збор за недостатоците на старечките домови, еден од нив е и трошокот за сместување кој е премногу висок за просечниот стандард во нашата земја. За многу луѓе, финансиската страна е отежнувачка околност и една од главните причини поради кои старечките домови се избегнуваат.

 

Ако ви требаат луѓе за чување и помош на стари лица можете да најдете многу огласи на нашата платформа за огласување Pazar3.mk. Внимателно изберете сигурна и професионална личност затоа што грижата за старите лица во домот е особено деликатна и бара само одговорни лица и професионалци кои можат да вршат таква работа.

Кон почеток