Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Купување стан – на што треба да внимавате?

Купување стан – на што треба да внимавате? 

 

Купувањето стан претставува голем чекор во животот, а со себе повлекува и голем број обврски и работи кои треба добро и внимателно да се размислат, па во согласност со нив да се донесат и пресудни одлуки. Важно е кaкoв стан сакате, на која локација, колкава квадратура, но битно е и со колкав буџет располагате, а тој да се поклопува со Вашите желби и замисли за идниот дом. Сите сегменти за купување стан, може да изгледаат многу комплицирано доколку прв пат преземате ваков битен чекор. Доколку сте во потрага по стан, во продолжение неколку совети како да ја донесете најдобрата одлука. 

 

Од каде да започнете при купување стан? 

 

Одлучивте да купите стан и сега се прашувате од каде да почнете. Да направите оглас и да барате сами или да се јавите во агенција за недвижности и да ја завршат работата наместо Вас? За да знаете која опција Ви е најдобра, прво треба да одлучите со колкав буџет располагате и кои се Вашите критериуми за купување стан. 

 

Цената на становите и буџетот со кој располагате  

 

Цената на недвижностите варира од година во година, но и ако имате среќа да купувате стан во периодот кога паѓаат цените по метар квадратен, може секогаш да бидат поповолни и попристапни. Ова особенo важи ако барате стан во голем град, каде цената секогаш не е определена од квалитетот на станот или состојбата на зградата, туку локацијата која понекогаш и пресудно влијае на цената на становите. Запишете на хартија, средствата со кои располагате и се што очекувате од станот, почнувајки од квадратура, локација, специфични желби во однос на греењето, на кој спрат сакате да Ви биде станот,  дали да има тераса и лифт, и други работи. Паралелно на тоа може да направите и истражување на интернет и да заклучите како Вашите желби се движат и како се поклопуваат со моменталните можности и состојбата на средствата во однос на цената на становите кои ги сакате.  Доколку цената на становите е превисока за Вашиот буџет, размислете за приоритетите и за тоа што е навистина неопходно да има Вашиот иден дом. На пример доколку на работа одите со сопствен автомобил, локацијата на станот да биде до работа не е пресудна, бидејќи не зависите од градскиот превоз и други работи кои можат да го оддолжат Вашиот пат до работа. Од друга страна, можеби повеќе да би Ви одговарало стан на подолните спратови, наместо на трет како што си замисливте претходно, бидејќи станови на средните спратови секогаш се за нијанса поскапи од оние кои се на приземје или на поткровје во зградата. 

 

 

Самостојно купување стан или преку агенција за недвижности? 

 

Следниот чекор е гледање станови и споредба помеѓу некои кои Ви се допаднале најмногу. Треба да знаете дека разгледувањето станови секогаш трае подолго од она што сте се договарале, како и тоа дека многу често ќе наидете на многу полоши станови од она што е прикажано на сликите на огласите.  Доколку немате време за шетање и гледање станови, секогаш може да го доверите тоа на некој агент за недвожности, кој врз основа на Вашите критериуми ќе ја донесе одлуката за купување. Сепак, треба да земете во предвид дека услугите од агенцијата се за одредена сума, па плаќањето на агент не е баш добра идеја доколку имате ограничен буџет со кој располагате.  Исто така треба да имате во предвид дека станува збор за избор на стан во кој Вие лично ќе живеете и ќе биде Вашиот дом, така да Вашите чувства при влегување во станот и првиот впечаток се од голема важност. Заради тоа е  потребно да одделите неколку часови во текот на денот за да се посветите на изборот на стан, за да на крајот бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор, во согласност со Вашите желби. 

 

Купувањето на стан и најважните критериуми кои треба да ги имате во предвид  

 

Кога ќе го прифатите најбитното, како разгледување, преговарање и конечно купување стан, треба да обрнете внимание на секој детал за Вашиот иден дом, ама пред се ова се клучните фактори кои ќе Ви ги наведеме во продолжение 

 

1. Локација на станот која ќе Ви одговара – Локацијата на станот е еден од најбитните сегменти кои треба да се земат во предвид при купување на стан. Делот од градот во кој ќе живеете, ќе тренирате, ќе излегувате со пријателите, ќе го шетате кучето и најбитно блискоста до сите најважните локации низ градот.  Нема правила околку тоа што точно значи добра локација. За младите секогаш тоа е урбан дел од градот каде што сообраќајот е густ, кој нуди можност за излегување, дружење и забава. За оние кои не сакаат гужви, добра локација за стан е онаа која во огласите е опишана како мирна и семејна населби.  Земете во предвид како изгледа Вашата рутина. Доколку денот Ви започнува со пешачење, битно ќе Ви биде станот да е лоциран во близина на парк или шума. Ако Ви е битно станот да е во близина на градинка или училиште земете го и овој аспкет во прашање. Од некои свои преференци може и да направите отстапки, но доколку станува збор за некој стан на локација во која немате услови за основните животни рутини, тогаш дефинитивно треба да се откажете од тој стан. 

 

2. Ориентација во просторот на станот – Чувството на пријатност во сопствениот простор е најбитно кога е купувањето на стан во прашање, па послушајте го внатрешниот инстинкт кога ќе влезете во својот нов потенцијален дом. Распоредот на просториите, осветленоста и големнината на собите е она на што треба да обрнете внимание, особено доколку имате посебни планови за уредување на станот и постојниот распоред во него. Обрнете внимание и на погледот од прозорецот и дали тој стан е ориентиран спрема улица или зелена површина. Од ова во голема мера зависи и дали ќе имате гужви и бука околку Вас, па не ја занемарувајте ориентираноста на станот. 

 

3. Дополнителни вложувања – Состојбата во која се наоѓа станот кој планирате да го купите е важна ставка која влијае на Вашиот буџет. Идеалната зделка при купување стан е вселување во среден стан кој бара минимално средување. Иако, тоа не мора да биде случај со Вашиот потенцијален дом, но внимавајте на тоа во сите станови кои ќе одите да ги гледате. Доколку треба реновирање, тоа ќе биде плус буџет кој треба да го платите на крајната цена која треба да ја платите за Вашиот удобен и комфорен дом, па размислете дали одреден стан вреди за парите и времето кое планирате да го вложите во него.  

 

4. Уредно плаќање на претходни долгови – Она што никако не треба да го заборавите е состојбата на станот во однос на платени или неплатени долгови, сметки и други обврски кои се одговорност на претходниот сопственик на станот. Не си дозволувајте себе си да исплаќате туѓи долгови, само затоа што на време сте заборавиле да побарате потврда за исплатени сите  сметки се до моментот на купување на станот. Купувањето на стан не е брза и едноставна работа, но претходно наведените совети може да Ви помогнат да си го олесните овој процес. Наоружајте се со трпение и добро расположение, зошто сепак станот кој го бирате и во кој ќе живеете извесно време ќе биде Вашата нова оаза на мирот и среќата. 

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации