Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Како да го креирате Вашиот оглас – водич до побрза продажба

Како да го креирате Вашиот оглас  – водич до побрза продажба

Пазар3 е платформа која на корисниците им дава простор за поставување огласи и од досегашното искуство може да го препознае значењето на креирањето квалитетни, ефективни огласи. Без разлика дали станува збор за продажба или купување на одредени производи, или понуди и побарувачки на одредени услуги – квалитетниот оглас е оној кој ги привлекува вниманието на целната група и ги повикува на акција.

Сепак, секој оглас не е подеднакво квалитетен, па со самото тоа и не функционира подеднакво добро. Многумина кои огласуваат, се се повеќе свесни колку е важен  квалитетниот оглас, па затоа прашањето: Како да се креира огласот? е многу често поставувано. Ние направивме истражување за Вас како да се креира/напише оглас кој ќе биде ефективен и добар, така што во прилогот што следува можете да го прочитате водичот за креирање огласи кој сигурно ќе ги убеди читателите да се одлучат на одредена акција за тоа што го нудите.

Одберете ја најдобрата платформа за огласување

За да креирате квалитетен оглас најпрвин е важно да го одберете најдоброто место за негово поставување. Од изборот на местото на огласот најмногу зависи и самата структура на огласот. Многу е важно огласот да го прилагодите на платформата на која планирате да го објавите.

Неговото креирање значително е олеснето благодарение на модерната технологија во 21 век. Претходно, огласите беа исклучиво во печатена форма, често ограничени на место од неколку редови. Денес ситуацијата е потполно различна – Интернетот ни овозможува безброј можности за изглед, форма и содржина на оглас.

Платформата Пазар3 е еден од најголемите веб огласници во Северна Македонија, каде што секојдневно се објавуваат огласи за продажба и купување на најразлични производи, па истата е најдоброто место за поставување на Вашиот оглас.

Откако ја избравте платформата на која ќе го објавите Вашиот оглас, потребно е структурата на огласот да ја прилагодите на самиот простор кој Ви е на располагање.

Како да напишете добар наслов на огласот?

Кога станува збор за оглас за продажба, не е најважно насловот да биде интересен и атрактивен. Добар наслов за оглас за продажба мора да содржи информација што конкретно се продава. Секако, кога производот кој се продава дозволува и разубавување на насловот – тоа можете да го направите, но и да дадете основни информации. Ние Ве советуваме насловот на огласот да не биде многу долг – околу 5 зборови е оптимална должина.

Доколку на пример, продавате детска играчка, можете да напишете: “Мека плишана играчка која Вашето дете ќе ја обожава“, затоа што самиот предмет дозволува насловот да биде интересен, дополнет со емотивни компоненти.

Доколку пак се работи за продажба на недвижности, многу е поважно да се напише конкретен наслов со основни информации и на тој начин да се привлече вниманието: „Стан од 50м2 во центарот на градот“.

Ваквиот наслов ќе допре до вистинската целна група. Ако истиот стан го огласите под насловот: „Луксузен стан со прекрасна тераса“ – на читателите не им  ја давате најважната информација, па можно е кога ќе го читаат описот на огласот квадратурата да не им одговара, местото или некоја друга карактеристика на станот, а оние пак кои се во потрага по стан од околу 50м2 нема ни да го отворат Вашиот оглас.

Креирање оглас со интересен вовед

Напишете краток, но интересен вовед во самиот оглас. Воведот не би требало да биде подолг од 2-3 реченици. Воведете го читателот на огласот во остатокот на текстот, давајќи му информации за она што го продавате, но на поинтересен начин од конкретната спецификација на производите кои го очекуваат во продолжение.

„Продавам стан од 50м2, кој се наоѓа во самиот центар на градот, а има толку убав поглед со пространа тераса, така што едвај донесовме одлука да го продадеме. Мал, а истовремено луксузен – овој стан е одличен избор за сите помали семејства или за една личност”

Со ваква увертира, не само што го истакнавте огласот со симпатичните коментари од останатите огласи, туку со читателите споделивте важни информации за станот (50м2, пространа тераса), самиот амбиент (мал и луксузен), ги повикавте на акција и ја наведовте целната група на која и се обраќате (помали семејства и една личност).

Наведете ги сите важни спецификации на производот во огласот

Секако дека огласот треба да ги содржи сите важни информации за самиот производ кој е предмет на продажбата. Наведете ги јасно и концизно.

Водете сметка пишувањето на огласот да не биде направено во брзање, затоа што сигурно ќе заборавите да наведете некоја од важните спецификации. Одвојте доволно време за пишување на огласот така што спецификациите ќе бидат потполни, а самиот оглас квалитетен и ефективен.

Креирањето на огласот завршете го со повикување на акција

Сега е времето да поентирате! Повикување на акција задолжително поставете го на крајот на огласот. Со пријатен тон напишете како може да Ве контактираат сите заинтересирани клиенти за да добијат дополнителни информации.

Доколку сте заинтересирани за купување стан, контактирајте ме на следниот телефонски број: xxx. Во најкраток рок ќе се договориме за разгледување на станот во пријатна атмосфера – без никаква обврска! Ги очекувам Вашите повици!

Сигурни сме дека огласот со ваков завршен дел ќе остави многу подобар впечаток на целната група и ќе има повеќе од нив кои ќе го земат телефонот во рака, наспроти тоа што е случај со огласите без повикување на акција или со премногу сериозен тон ги повикува клиентите на акција.

Секако, примерот е даден за оглас за продажба на стан, повикување на акција може да содржат и изразите како: „кликнете на следниот линк“, „нарачајте го производот“, „купете го продуктот“...Се зависи од производот кој го огласувате.

Проверете дали огласот е правилно напишан и продолжете се до негово објавување

На крај Ви останува само да ги проверите граматичките грешки, грешките во пишувањето и слично. Огласите кои се напишани со грешки докажано имаат одбивачки ефект кај клиентите. Затоа на крај, посветете време за техничка проверка на огласот.

Сигурни сме дека после читањето на овој текст и самите сфативте како треба да се креира еден оглас со кој брзо ќе го продадете производот. Кликнете на Внеси оглас, а заинтересираните клиенти сигурно ќе Ве исконтактираат во најкраток можен рок!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации